Ансу е 99% надвор од Барса. Според Ромеро, пред некој саат лично ја соопштил одлуката на клубот дека сака да си оди. Најверојатно ќе биде едногодишна позајмица. Барса сака клубот кај што ќе игра да ја покрие цела плата.
Најверојатно ќе оди во Тотенхем (Мендеш веќе договара детали со нив), иако татко му на Ансу ја преферирал Севиља.
Ерик Гарсија е пред позајмица во Џирона. Чави наводно малку се противел, сметал дека му е потребен.
Ленгле најверојатно во Астон Вила.
Наводно се размислува за продажба и на Абде.
Се оди кон тоа дека нашиве ќе го донесат Жоао Феликс. Се зависи од ФФП, ама ако се остварат сите планирани заминувања, плус парите од германците (кои ако не легнат, Лапорта наводно лично ќе дал финансиска гаранција), најверојатно ќе можат да го потпишат.
Интересна ни е трансфер политиката. Се менуваат ставови од саат во саат.

Конкретно за Ансу, прво беше дека се може да се случи, па после тоа беше дека 100% останува. Ако мерило е еден натпревар (против Виљареал минатиот викенд), не знам што да кажам. Дембеле платен 100+ милиони го чекавме 6 сезони да проработи како што треба, а за дете од школата проблем е 2 промашени шанси. Пред две недели сите зборуваа како имал одлична предсезона и дека дефинитивно заслужува поголема минутажа.
Исто и со Абде. Од муабети дека токму тој е тоа што ни треба (брзо и пробивно крило), па изјава дека е донесена одлука и дека останува 100%, сега одеднаш се менува плочата.
А, убаво си реков пред некое време дека нема да пишувам на темава до 1ви септември.
