Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Не е за гледање одбранава, по некоја случајност пак Роберто и Алонсо криви
 
Колку побрзо Чави го напушти клубот, толку подобро.

Ликот моментално не е присутен во оваа реалност, најверојатно е во некој мултиверс во кој Алонсо и Роберто се сметаат за фудбалери. Вака да излезеш на Мадригал се класични симптоми на некој тип шизофренија.
 
Кансело изгледа со парите од Катар истиот авион го чекаат, секој ден поблиску до трансфер бил...пешки да тргнеше досега ќе стигнеше.

Чави надигран од Кике козарот... човекот ненаспан од нива директ на утакмица е дојден, му даде 2 гола предност, не стана од клупа и пак го поеба. Можеше 5 да ни дадат, по страните им е како аутобан, шибај немај гајле. Ама Алонсо и Роберто играат на 200 позиции, тоа дека се најлоши на свет на секоја од нив е небитно.

И да, реков уште тогаш дека 50+ милиони за 35 годишен Левандовски е глупост, ама не очекував ни јас дека човеков после само пола сезона ќе се пензионира.

Тешко сезонава другари, ако по утрото денот се познава...тешко.

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk
 
Fati bi go prodal smesta vecerva, gadno kopile

I Xavi do tolku e glup sto ne sfaka deka Ferran e vo forma i treba da igra od pocetok
 
Феран во последните 6 текми има постигнато 5 гола заедно со пријателските, во предобра форма е. Има минимум 6-7 кг помалку и има јако мавано теретана летово. Постабилен е во дуели, позиционирањето му е драстично подобрено и шутот прецизен. Против Осасуна наредна сигурно ќе добие шанса од почеток.

Фати одма после утакмица би го качил на авион за Мадрид, ако прифати Атлетико позајмица со Феликс. Колку и да е во лоша форма португалецот неможе полошо од ова циганче мало прљаво. Незнае да прими и смири топка, камоли нешто друго.

За Јамал секој збор е сувишен. На 16 години го носи тимот на грб, цела хармонија се добива кога топката е во негови нозе. Перфектен играч, Фати не покажа ни 20% од тоа што го покажува Јамал како наводно талентиран играч.

Кривицата денес кај Чави, како и скоро секојпат. Фураше од сите страни, и за шлаг на тортата го стави Гарсија на местото на Кристенсен. Се допре дното на секое поле во одбрана, се надевам на Кансело што побргу.
 
Феран каква желба имаше да се докаже, секоја чест.
Проблем е сеа што он најдобро се снаоѓа десно и како втор напаѓач, а таму Рафиња има предност.. ќе го проба лево и ќе се изгуби и пак критики.
Исто само и да не се прегори детево, Јамал, какво движење има и шут, па, па, па...
Фати нема самодоверба, и затоа има лошо, ама не знам колку приметувате, има страшно добро позиционорање и многу лесно влага у шанси.
Да ги има минутите на Лева сигурно ќе дава доста голови, а со тоа и ќе ми се крене самодовербата, исто како не Феран.
 
Просто невероватно е како може Роберто да игра во тим како Барса. Она вчера беше бруки живи. Со играч помалку да игравме подобри ќе бевме. Му ја искрши кичмата оној Педраза, класично силување правеа по неговата страна. Нека измислат некој изговор демек е повреден и цела година нека одмара да не се срамиме со онаков капитен.
 
Ајде честитки Кансело, во право време после синоќешното срамно издание. Роберто и Алонсо сега строго за ротација, Балде и Кансело први бекови.

Чави ако почне пак со овие двајца првотимци како сношти ќе му ја скапам главата.
 
Малку Football Manager :D

Шо викате за ова:

Тер Штеген
Кунде - Ромеу - Араухо
Кансело - Гундоган - Де Јонг - Педри - Балде
Феран - Лева

3-5-2 со Ромеу како трет стопер за поголема сигурност назад, а за таа сметка Кансело и Балде да имаат апла офанзивни задачи (крила). Во фаза на напад Ромеу би одел малку понапред (како што играше Стоунс во Сити минатата сезона), за да тројката од средина можат да дејствуваат поофанзивно.

Ако не оди вака, излегува Ромеу или еден од 3цата во средина и влегува напаѓачко крило (Рафиња, Ансу, Јамал, Абде) и се префрла на класична 4-3-3.


FC Barcelona 2023_24.png
 
Малку Football Manager :D

Шо викате за ова:

Тер Штеген
Кунде - Ромеу - Араухо
Кансело - Гундоган - Де Јонг - Педри - Балде
Феран - Лева

3-5-2 со Ромеу како трет стопер за поголема сигурност назад, а за таа сметка Кансело и Балде да имаат апла офанзивни задачи (крила). Во фаза на напад Ромеу би одел малку понапред (како што играше Стоунс во Сити минатата сезона), за да тројката од средина можат да дејствуваат поофанзивно.

Ако не оди вака, излегува Ромеу или еден од 3цата во средина и влегува напаѓачко крило (Рафиња, Ансу, Јамал, Абде) и се префрла на класична 4-3-3.


Прегледај го приврзокот 388961
Да беше тренер Пеп...
 
Чави треба да го користи дечкото против екипи шо играат бункер. Има јак шут од далеку, вчера имаше добра шанса со прсти ја одбрани голманот на Виљареал.

Screenshot_20230828_231211_Facebook.jpg
 
Наводно Ансу се премислил и сега прифаќа да замине. Тотенхем и Челзи го барале. Тоа можеби ја отвара вратата за Феликс? Мада тие што требаше да исплатат 20 милки за леверот до 31 август забушаваат и многу веројатно да остане клубот без таа веќе впишана финансиска инекција. Калакурница е со овие правилава на ла лига, којзнае дали и Кансело ќе може да се регистрира, се е забегано.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom