Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Ова е веќе нешто друго, вака треба да играат секоја утакмица.

Честито нека е титулата, ќе речам заслужено и ако не ми се допаѓаше играта сезонава.

Се надевам Чави нема да оди со истава тактика и следна сезона, затоа што во Европа со ваква игра пак исти курац ќе е.

Од утре може да се размислува на појачувањата за следната сезона.
 
Газиииии :vozbud::vozbud:
Честито ТИТУЛА, доминација тотална во Ла Лига сезонава. Штета за раното отпаѓање во ЛШ, ама што е тука е.
Сега неколку паметни трансфери на лето и полека да се вратиме таму каде што припаѓаме, а тоа е врвот на Европа.
 
Честито титула колеги. Издоминиравме оваа сезона. Немаше силна конкуренција оваа година, ама кој им е крив? Ајде догодина и ЛШ со Меси.
:uzi::uzi::uzi:
 
:uzi::uzi::uzi::uzi::uzi::uzi:

Некој да ни кажеше у август дека титула ќе земаме во ваква состојба на клубот.:oleee:

Секоја чест, турбулентна сезона али ја издржаа машки.
 
Честито титула кулеси :ojeaa::pijanco::ајнапиво::oleee::roker:

Огромен успех во една ваква сезона, со толку многу проблеми околу клубот. Да се множат!
 
Ако успеат да ги продадат Гарсија, Кеси, Рафиња, плус Дест, Ленгле, Тринкао и Умтити и да се ослободат од платата на Алба тоа би било идеално.

Со Мартинез, на штоперската позиција сме покриени, очигледно Чави бараше левак затоа и го играше Алонсо таму.
Лево исто сме покриени со Балде и Алонсо.

Наредни трансфер би требало да се Меси и Гундоган исто за без пари, а после тоа да се види колку пари ќе се има за трансфери и колку ќе се заработи од продажба од тие погоре.
Верувам дека ќе се жртвува и еден од Фати и Торес и ако не би сакал, затоа што Меси ќе полни за месец дена 36, Лева 35 и со стаклениот Дембеле можеме да се доведеме во лоша ситуација.

ДМ, офанзивен десен бек и млад напаѓач 9ка мора да се земат, колку буџет ќе се има, тоа веќе друга песна.

Од тие што се шпекулира не ми се допаѓа само Фојт, а и Караско.
Ако веќе зимаме од Атлетико нека е тоа Молина :rolleyes:
 
Ако има барем 10% вистина во тие информации за Кимих и те како би ни легнал во тимов.
Ширина во средниот ред плус може и како бек да игра, па и да бараат 70 милиони мислам дека не треба да се размислува многу.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom