Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Ова е убедливо најслабата утакмица сезонава, со Реал 0-4 изгубивме а пруживме повеќе отпор.

Левандовски на ниво на аматер, не постои ликот од ноември. Неможе да изгради позиција против ебените Жирона и Гетафе. Пола тим е повреден, пола штета шо не е повреден. Дај нека ни го пукнат Гетафе и нека врие до крај.
 
3 утакмици, 6 полувремиња без гол. Наредната против Атлетико. Треба да се провери статистиката, може да падне некој рекорд.

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk
 
Нека му објасни некој на кепецот Чави дека е 2023 година. 2023!

Модерен фудбал, брз, напаѓачки само поминува, а он игра уште со Кунде десен бек и Балде лево крило.
Имавме многу среќа сезонаба, тепавме 15 утакмици со по 1-0...

Страв ми е со Меси наредна година, 3 играчи над 35 години сигурни во прв тим.. ништо нема да напраиме.

Со оваа политика, уште доста време нема да поминеме групи у ЛШ.
 
Мизерија од фудбал беше ова. Чим прво полувреме не падна барем случајно гол, се осеќаше дека во второ ќе биде вака...

Се испуштија ептен битни 4 бода. Мораше да бидат добиени и Џирона и Хетафе. Сега се влегува во прилично зезнат распоред.
 
Кога се враќат повредените? Барем Де Јонг да се врати за Атлетико.
Автоматски споено мислење:

Шо ти значи да имаш пред се интелигентен тренер кој знае да учи од грешките.

Јунајтед е моментално во слична ситуација како нас со пола повреден прв состав, и Тен Хаг успева да учи од сопствените грешки, да изменаџира и да ја конструира играта со тоа што има на располагање. Плус игра брз напаѓачки фудбал каков што е потребен за резултати.

Нашето бејче мисли дека титулата треба да му се даде онака затоа шо има двоцифрена разлика у бодови. Нема никаква критика на тие играчи шо потфрлија, јас аматер шо гледам фудбал на тв ги знаев измените уште пред да се случат, камоли професионалци шо цел живот се бават со ова. Го надмудрија ликови шо водат мид тејбл тимови.
 
Последно уредено:
Де Јонг и Педри се враќаат против Атлетико, фала курцу. Ќе биде тешка утакмица во добра форма се.
 
Нека го извадат и Алвес од затвор и таман, 2009 all over again.:facepalm:

Торес и Фати ќе си одат сигурно, милион посто. Рафиња не го пуштат испод цената за која го платија, минимум ќе бараат 60 милиони можда и повеќе. Де Јонг е недопирлив, Педри Гави Балде исто така. Дембеле нема да ме изненади да го шитнат, оваа сезона е 5 месеци на трибина. Лева би требало да остане уште 1 сезона.
 
Пред неколку недели имаше информации дека е клучен играч и не е за продажба
Автоматски споено мислење:

Торес и Фати ќе си одат сигурно, милион посто. Рафиња не го пуштат испод цената за која го платија, минимум ќе бараат 60 милиони можда и повеќе. Де Јонг е недопирлив, Педри Гави Балде исто така. Дембеле нема да ме изненади да го шитнат, оваа сезона е 5 месеци на трибина. Лева би требало да остане уште 1 сезона.
За Торес и Рафиња важи истото, мора да ги продадат над цената што ги купиле за да се добие профит инаку ќе се рачунаат како загуби бидејќи се најтазе купени.

Чист профит може да се прави на играчи од академија, и тие што се земени за без пари Кеси, Кристенсен, Гарсија, Абде, Фати.

Јас типувам на Кеси и Фати/Кристенсен
 
Последно уредено:
  • Ми се допаѓа
Reactions: ob1

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom