Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Јебига мора и вакви победи. :oleee:

Штеген денес даде клучни "голови".:cuc:

Феран можеше да ја реши уште прво полувреме само ногата требаше да ја испружи, али изгледа тешко е тоа за играч од негов калибар.(y)
 
Јас лани пишав овде не заеба до даска Пеп со сакатиов Феран, вие нешто муабети многу знаел у шанса да се убацува, головите сами ќе си дојдат...од тогаш ваљда 1 до 2 гола максимум има дадено. Инвалид играч, Мингеза ниво, ќе го дадеме во Хетафе за 10 милиони за некоја година. Тука некаде е и Рафиња, од милион бразилци го најдоа најмутавиот, 200 пати проба да помине на крило, 250 пати му ја зедоа. Излезе новата ФИФА, Дембеле пак заборави да игра фудбал. Ова второ полувреме беше срам, брука, лакрдија од игра. Не издоминираа со 10 шанси мислиш против Сити играме. Одбраната ај крпена, ама средината и нападот бевме со скоро сите достапни за утакмицава. Чави нека мозга нешто пошто вака за месец два може да го лапне отказот, го прочитаа сите за пола година како букварче.

Sent from my GM1913 using Tapatalk
 
Што ке кажеш за двете предобри блокирања од Гарсија? Не знам зашто мислиш дека дететето не го бива. Борбен, силен и ретко кикснува.
Ако досега не си сфатил дека не го бива, нема што да дискутираме на таа тема. Ова е ко да треба да докажувам дека Меси го бива.
 
96.000 карти имало распродадено за вечерва. :vozbud:

Штета шо овие ултрасите се банирани од стадион, барем малце да дигаше некој атмосфера. Вака ако е пуно со туристи џабе е.
 
Истата постава од минатата утакмица со Интер, сега наместо Кристенсен ќе игра Пиќе.
За нападот овој пат очекувам Дембеле да е лево, Рафиња десно, минатиот пат на ништо не личеше нападот.
Интер ќе се брани и ќе чека контри, стварно не ми е јасно како ние ќе се браниме од контри со Алонсо, Роберто, Пиќе и Бускетс.
Тука мораше да стартуваат Балде и Де Јонг.
 
96.000 карти имало распродадено за вечерва. :vozbud:

Штета шо овие ултрасите се банирани од стадион, барем малце да дигаше некој атмосфера. Вака ако е пуно со туристи џабе е.
Лани имаше повеќе навивачи зад голот, не беа ултраси, ама имаше добра атмосфера. Не сум во тек што се има случено во меѓувреме, ама многу слабо се навива годинава.
 
Лани имаше повеќе навивачи зад голот, не беа ултраси, ама имаше добра атмосфера. Не сум во тек што се има случено во меѓувреме, ама многу слабо се навива годинава.

Ултрас групата "Boixos Nois" е банирана доживотно од Лапорта уште во првиот мандат. Се групираа во некои изменети прочистени состави али го немаат тој импакт како порано. Страшни закоравени фашисти, во 2004 даваа и парична награда кој ќе го "пензионира" Лапорта.

Овие новите се инсталирани од клубот да дигаат атмосфера, али тешко им иде. Неспоредливи се со права ултрас група.
 
Лол истата постава ја извади...Алонсо пред Балде, Рафиња и Дембеле заедно на терен, Бускец заедно со Пике, Роберто и Алонсо (заедно имаат едно 150 години) ќе спречуваат контри...ова од инат или што му е проблемот на Чави?

Sent from my GM1913 using Tapatalk
 
Чави ако не победи еден од Интер или Реал ќе има невиден притисок од јавноста, многу лесно можат да тргнат работите надолу и во форма и се да иде во курац.

Сега за сега има 0/2 од јаките утакмици оваа сезона.
 
Очајна прва 11-ка на можеби клучниот меч дали ќе ја минеме групната фаза од ЛШ.. знаејќи дека ги немаш Кунде,Белерин и Араухо, знаејќи дека Интер ќе игра сигурно денеска доста затворено и шансите ќе ги бараат преку контри, знаејќи се ова излегуваш со Алонсо, Пике, Роберто и Бускец кој што денеска треба да бидат дефанзива. Чави можеше многу подобар состав да извади денеска во најмала рака Балде и Де Јонг да почнеа како стартери и Ансу Фати да почне да добива шанса пред Феран и Рафиња и конечно да почне да добива солидна минутажа
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom