Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Ок, кога се ќе се собере не сме предалеку од тоа да сме меѓу најдобрите. Ќе се бориме за Ла Лига, имаме квалитет да ги шамараме помалите екипи ако останеме на ова ниво. Во ЛШ битка за второ место, ќе одлучуваат дуелите со Интер, а можеби и дома со Баерн имаме шанса.
 
Јас сум задоволен од прикажаното. Едноставно немавме среќа. Реален резултат би бил нерешено. Има простор за напредок, но знаеме дека сме на прав пат.
 
се изнапромашија цело прво за на крајот да нема чист пенал, почна второто баерн се разиграа кечерски, а судијата ја толерираше грубата игра се подизгубија и примија два брзи голови....... требаше уште и педри да се изгуби потоа, да не асистира на празен гол и комплетно да исчезни

многу пристрасно судење кон домаќинот вечерва кое го одлучи мечот
 
Дембеле не знае да ја води топката, премногу фор си дава.

Кажав и претходно, оваа сезона со 1/4 финале без декласирање треба да сме задоволни. Нека не ве лаже лигата, многу е слаба.

Баерн е институција. Имаат менталитет, искуство, дисциплина...
 
Од пораз не можам да бидам задоволен, ако ни е целта да губиме со добра игра далеку ќе стигнеме и оваа сезона. Се покажа пичкарскиот менталитет пак, примаа 2 глупи гола набрзина и се предадоа во 50та минута. Реал од друга страна да губи 0-2 во 90та, пак ќе ја сврти. Не дека Винчиничинус и Родриго се појаки играчи, туку имаат победнички менталитет. Нашите после Рома, Ливерпул си останаа случаеви за психијатрија. И да, фала Левандовски за головите против Кадиз и Плзен, ама и Обамејанг даваше против овие. Денес 0/10 оценка.
 
Задоволен сум од играта, особено во првото полувреме. И двете екипи имаа по едно добро полувреме. Баерн си ги искористи шансите, ние не. Реализацијата ќе биде голем проблем против појаки противници, не зимајте за репер тоа боранијата у Лалига шо ја пунеме.

До сега може да се заклучи дека Рафиња на ниту една утакмица не ги оправда средствата вложени во него, човекот е апсолутен просек барем до сега. Фати треба да добива шанса пред него.

Дембеле еднаш потфрли, дајте му простор. Левандовски исто, плус играше против клубот во кој што ја помина скоро цела кариера.
 
И да, не знам нели му е јасно на Чави дека во напад аме ограничени по десната страна?
Тоа е хендикеп невиден... подобро е со Роберто на бек, а Кунде и Араухо штопери.
 
Задоволен сум од играта, особено во првото полувреме. И двете екипи имаа по едно добро полувреме. Баерн си ги искористи шансите, ние не. Реализацијата ќе биде голем проблем против појаки противници, не зимајте за репер тоа боранијата у Лалига шо ја пунеме.

До сега може да се заклучи дека Рафиња на ниту една утакмица не ги оправда средствата вложени во него, човекот е апсолутен просек барем до сега. Фати треба да добива шанса пред него.

Дембеле еднаш потфрли, дајте му простор. Левандовски исто, плус играше против клубот во кој што ја помина скоро цела кариера.
Не се согласувам со последниот параграф, ни еднаш нема изиграно нешто Дембеле против појаки, едноставно не е тоа ниво, уште милион пати да игра ќе е дно, нема квалитет, основни работи греши, фалш продукт е, не е комплетен играч.
Автоматски споено мислење:

Од пораз не можам да бидам задоволен, ако ни е целта да губиме со добра игра далеку ќе стигнеме и оваа сезона. Се покажа пичкарскиот менталитет пак, примаа 2 глупи гола набрзина и се предадоа во 50та минута. Реал од друга страна да губи 0-2 во 90та, пак ќе ја сврти. Не дека Винчиничинус и Родриго се појаки играчи, туку имаат победнички менталитет. Нашите после Рома, Ливерпул си останаа случаеви за психијатрија. И да, фала Левандовски за головите против Кадиз и Плзен, ама и Обамејанг даваше против овие. Денес 0/10 оценка.
Виничиус е Меси за Дембеле и Рафиња, па и другиот има повеќе покажано на големи утакмици од Дембелот.
 
Не може да биде сеедно кога губиме, без разлика дали е од Баерн во гости или со некој друг. Посебно со толку промашени шанси. Лесно можеше да ги тепаме и нормално е тоа да фрустрира.

Е сега очигледно е дека тимот оди во добра насока. Не би требало нешто посебно да влијае овој пораз на атмосферата во екипата. Пошто ништо не е изгубено. Далеку од тоа. Распоредот во групата ни одговара. Со четири бода во двомечот со Интер веќе 90 посто ќе сме во осминафинале.

Одбраната ќе ни е најголем проблем цела сезона. Алонсо никогаш не сум го сакал и преголем ризик е што го зедовме, вчера првиот гол е најмногу негова кривица.

Рафиња за сега со ништо не ме убеди дека е на ниво да игра во Барса. Ама реално е само почеток на сезоната па рано е да се донесе оцена. Левандовски требаше подобро да реагира на двете шанси во прво полувреме, во второ беше премногу затворен. Дембеле како да има некоја психолошка пречка на големи утакмици, како да му се случува некоја блокада. Ама оптимист сум дека ќе се поправи тоа со тек на време пошто неспорно е дека е екстра талентиран и сезонава ни е како засилување.
 
Зборите за Левандовски, да, промаши, ама 2те најголеми шанси ги имаше Педри...
 

за кајганџиите барса фанови не беше пенал боже сачувај
 
So treba da napravi Fati za da bide starter? Ova veke stanuva apsurdno, pocnuva da me nervira Xavi.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom