Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Гави е новиот Педри, тие двајца со Френки дмф треба да се проба. Проблем е што кога ќе се изгуби топката, ниеден од не е класичен копач, па не знам дефанзивно како би функционирало тоа.
 
Од натпревар во натпревар се повеќе и повеќе ме изненадува Енрике.Да се вратиме наназад:Луис Енрике просечен тренер на Селта виго секако со НЕуспешната етапа во Рома.Со Барса направи што направи АМА ми се чини дека Најмногу изненади со Шпанија,доста критикуван поради изоставувањето на Рамос и мадридската компанија,ама ете ја направи таа смена на играчи иако фалат некои финеси како 9-ка и десен бек.Во врска со натпреварот со Италија па Енрике со просечни шпанци (Некои преценети) млади недокажани таленти,и 2-3 ветерани буквално да не речам чуда прави со овај ростер.Ја пикнаа в џеб цела средина на Италија на чело со Верати и компанија неможеа топка да освојат се повлекоа назад контри чекаа,цело време напаѓање посед контрола фудбал за око.Енрике му ги затна муцките на сите критичари поготво овие до Мадрид? Од друга страна заприметив разлика од Бускетс од Барса и бускетс од Шпанија?Нека земи КУман и нека учи Барса можи има поквалитетен ростер од шпанија (Барем на вчерашната утакмица) а никаков фудбал за око неигра а Енрике прави чуда со просечни играчи како Сарабија Ојарзабал доодениот Бускетс препороден цела средина ја држи во Шпанија,а Куман цимоли и се жали дека максимумот на овај ростер е место во топ 4 т.е пласман во Лш а и затоа дебакли јадиме од просечни екипи како Бенфика.
 
Фати - Депај - Дембеле
Гави - Френки - Педри
Балде - Умтити - Араухо - Дест

Клупа: Агуеро, Пиќе, Бускетс, Алба, С.Роберто, Ленгле, Рики :D

Вака до крај на годината. Нека испаднат од ЛШ, никако ЛЕ и само првенство и тоа е тоа.

Иначе, пошо Клоп не сака да биде тренер на Барса, секако и Гвардиола, моментално после нов двајца фејворит ми е Енрике. Добар тренер е. Барем физички ќе бидеме спремни.
 
Сега ги гледам на трансфермаркт играчите на кои им истекува договорот во 2022г.
За дел од нив не можеме да преговараме пошо веќе други загризале или пак ќе продолжуваат, или па воопшто немаме финансии да им понудиме плата..
Ама има интересни играчи за кои ако се потруди управата би биле топ засилувања и апгрејт на сегашново срање. Некои би биле за на клупа, ама повеќето сигурно би земале место и во прв тим.
Од тие што ми фатиа око, се двоецот на Мехенгладбах - Закариа и Гинтер. И двајцата се физички многу силни, во добри години (24-27) и сигурно не би барале превисоки плати.
Не знам каква е ситуацијата со Кеси од Милан, ама и тој е многу интересен играч.
Ориџи и Лаказет исто, за Де Јонг и Бредвејт се Суарез.
Рамањоли исто, Камара од Марсеј исто...

Погба, Дибала, Брозович, Инсиње, Рудигер и остали ѕвезди моментално не можеме да ги донесеме, такви играчи во некои подобри времиња.
 
Агуеро играше 30 минути денес на пријателската со Корнеља и даде гол. Би требало официјално да дебитира со Валенсија во недела.
 
Тер, Араухо, Дест, Педри, Гави, Де Јонг, Фати и Депај не смеат да се пуштат по ни една цена. Повеќето се млади и им треба многу искуство за да го стигнат посакуваното ниво, меѓутреба да бидат столбот на екипата во наредните 3-4-5 години.
 
Здраво
На 31 летам за Барселона и ќе идам на мечот со Алавес од 21:00ч, па ако има некој тука што има идено предходно ако може еден совет, дали картите за влез е најдобро да ги купам од официјалната страна на Барса или може и од други страни и дали за влез на стадион бараат вакцина/тест или некој друг сертификат.
Thanks in advance.
 
На големо изненадување ја тепавме Валенсија, следуваат нерешено со динамо и пораз во ел класико :icon_lol:

Иначе изгледа го одбиле Алвеш иако овај сам се понуди, катаклизмична одлука. Чоек победник како на терен така и во соблекувална, еден од најтрофејните играчи во историјата, какво само влијание би имал на помладите играчи, да развијат победнички менталитет, штета ако не го препознаат сето ова од управава.
 
Мислам дека тепаме вечер со Динамо. Се осети некоја позитивна енергија со враќањето на Фати.

Ел Класико е друга приказна. Никогаш не сме влегле во дербито како толкави аутсајдери...
 
2 утакмици откако дозволија 100% капацитет, стадионот скоро празен. Против Валенсија и to be or not to be утакмица во ЛШ, не е Куп на Каталонија против Сабадел или Тераса. Ебате фановите каталонски, знам дека Меси го нема ама има колку толку добри, млади фудбалери што заслужуваат повеќе од 30% исполнет стадион. Во градов во Германија кајшто живеам веќе 10 години во 4та и 3та лига со полуинвалиди во екипа е полн стадионот...Лапорта ќе има многу работа со вакви демотивирани, апатични, пластични фанови.
 
2 утакмици откако дозволија 100% капацитет, стадионот скоро празен. Против Валенсија и to be or not to be утакмица во ЛШ, не е Куп на Каталонија против Сабадел или Тераса. Ебате фановите каталонски, знам дека Меси го нема ама има колку толку добри, млади фудбалери што заслужуваат повеќе од 30% исполнет стадион. Во градов во Германија кајшто живеам веќе 10 години во 4та и 3та лига со полуинвалиди во екипа е полн стадионот...Лапорта ќе има многу работа со вакви демотивирани, апатични, пластични фанови.
Германија и Англија се друг свет во менталитет, а и во финансиска состојба. Во најдобрите години Камп Ноу беше полн само на Класико и четврт-полуфинале, 2-3 утакмици во сезоната. И тоа со туристи се полнеше во голем дел, сега ги нема туристите, така да бројката на Каталонците е таа отприлика како што беше и претходно.
 
Браво за управата за продолжување на договорите на Педри и Фати. Тие, заедно со Араухо и се надевам Гави ќе бодат столбот на тимот.
Дембеле се курчи, бара плата висока, ама видовме дека и оваа управа не попушта. Има рок од месец дена, доколку не потпише договор ќе седи на клупа до крајот на сезоната. Во таков случај ќе се тргне по Стерлинг или Олмо, на зимо, позајмица со откуп на лето.
Полека почнуваме да се стабилизираме, мислам дека до лето ќе е ок, со неколку трансфери.
Ако може да се ослободиме од Ленгле, Умтити, Кутињо, Пјанич и Бретвајт ќе биде добро.
П.С. Ме загрижува позицијата на Рики. Вака само стагнира, боље да оди на позајмица.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom