Сега ги гледам на трансфермаркт играчите на кои им истекува договорот во 2022г.
За дел од нив не можеме да преговараме пошо веќе други загризале или пак ќе продолжуваат, или па воопшто немаме финансии да им понудиме плата..
Ама има интересни играчи за кои ако се потруди управата би биле топ засилувања и апгрејт на сегашново срање. Некои би биле за на клупа, ама повеќето сигурно би земале место и во прв тим.
Од тие што ми фатиа око, се двоецот на Мехенгладбах - Закариа и Гинтер. И двајцата се физички многу силни, во добри години (24-27) и сигурно не би барале превисоки плати.
Не знам каква е ситуацијата со Кеси од Милан, ама и тој е многу интересен играч.
Ориџи и Лаказет исто, за Де Јонг и Бредвејт се Суарез.
Рамањоли исто, Камара од Марсеј исто...
Погба, Дибала, Брозович, Инсиње, Рудигер и остали ѕвезди моментално не можеме да ги донесеме, такви играчи во некои подобри времиња.