Лапорта стана познат по огромното познавање на финансиски менаџмент, неговата тогашна администрација баш тоа и го направи кога дојде во 2003 и клубот дужеше скоро милијарда. Мора да се гледа и другата страна, го намали минусот али имаше и готови продукти како Чави Иниеста Пујол Меси, спремни да ја држат играта во наредните 15 години. Негова задача беше само да ги прави среќни и да ги задржи во клубот.
Сегашната ситуација е многу поинаква и потешка, клубот нема костур врз кој може да се гради тим. Младите ќе видиме како ќе се покажат, најсветла точка моментално ми е Фати али премлад е да се прават било какви прогнози, треба да се остави детето да се развива и да се држи подалеку од медиумски притисок ако е тоа веќе можно.
Мило ми е шо се врати Лапорта, ако ништо друго клубот нема да ни биде поврзан со скандали секои пар месеци. Али сепак треба да бидеме реални и да не очекуваме чуда во наредните 2 години, ќе крпи со играчи на кои им е завршен договорот. Прво ќе го застане клубот на нозе, па после ќе тргне по големи имиња.
Агуеро за без пари јас би го пречекал со широко раширени раце, ќе му дадат неколку милиони и ќе ги поминат со Меси последните 2 години од кариерата во Барса. Агуеро ќе биде клучен за останувањето на Меси, mark my words. Би го земал макар цел договор го поминал на клупа.