Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Нема да е лошо Меси да одмара у среда, да олади малку. Нека игра Гризман 10ка да видиме дали ќе му лежи без Меси.

Де Јонг исто може да одмори и Алба.

Тие ни се 3 клучни играчи годинава, а овој ги издиша Меси и Де Јонг...

Роберто - Пиќе - Ленгле - Дест
Бускетс - Пјанич
Тринкао - Гризман - Дембеле
Фати​
 
Да имавме нормална управа со многу малку пари или скоро ич и во време на пандемија каде многу клубови пропаѓаат, меѓу кои и ние, ќе напраевме одличен тим...

Алаба, Агуеро, Вајналдум, Депај, Бернат, Гарсија... све се тоа слободни играчи на лето..

Од овие Депај ако го зееме и Гарсија на коњ сме...
 
Алаба би било супер, па и Вајналдум за нула е одлично, ама само ако не бараат големи плати.
 
Messi ако си отиде од неговата плата се ослободуваат 80м-100м. Ќе има плата за најмалце 6 world class играчи. Сепак повеќе би сакал младинци да играат.
 
Messi ако си отиде од неговата плата се ослободуваат 80м-100м. Ќе има плата за најмалце 6 world class играчи. Сепак повеќе би сакал младинци да играат.

Со што ќе ги купат тие 6 играчи?
 
Имав поголеми очекувања за сезонава али тргнавме лошо.. Реално ако требаше само делумно да се ослободиме од некој играчи поарно да се ослободевме од Бускец или Роберто отколку од Суарез кој вака така дава голови за Атлетико а ние као ќе праевме ремонт и останавме без класична 9-ка која според мене е најголем проблем Барса не памтам која сезона имала вака малку шутеви у гол. Башка на се тоа се уште место во првиот тим има за Пике, Роберто, Бускец а клупа греат Араухо, Дест, Пјанич за кој к*р ни требаа тогаш нови играчи кога истите греат клупа на сметка на кланот.
 
Де Јонг штопер може да е револуционерна идеја, всушност играч плус во средина добиваме, а кога се браниме ќе изиграва штопер. Е сега колку ќе го бива таму е прашање, има конституција, за со послаби екипи ќе е таман мислам.
 
Де Јонг играше и во Ајакс на таа позиција. Добра е замислата во напад имаме играч плус во средина а во одбрана ќе видеме како ќе игра Де Јонг. Ми мириса на новиот Маскерано :D
 
Имам едно прашање ...
Секој протовнички голман против Барса се претвара во Ноер или нашиве семкари со лоша завршница праат секој голман да изгледа како Ноер?

45минути гол од игра не можеме да им дадеме. Голманот на Динамо дете од 2002 со 1 лигашка утакмица, се што можеше фати, 6-7одбрани во прво полувреме.
 
Требаше да биде easy win уште на полувреме ама мн утки и промашувања..
Гризман шо промаши ау ау..
Тер штеген:aplauz:
Меси пак се губи..
 
То е Тер Штеген, со Нето барем 2 ќе примевме од овие 4-5 чисти што ги спаси.
Автоматски споено мислење:

Колку не постои одбрана то е неверојатно, четири неподвижни ќумбиња да поставеа на терен повеќе ќе засметаа на играчите на Киев.
 
Алба и Пике време задржаваат против Динамо Киев... :tapp:
Плата треба да им се скрати ради перформансот на терен, не поради корона :D
Тер Штеген класа.
Реализацијата денес 7% односно 1 гол од 14 шута. На тренинг нека земат завршница да вежбат, друго не знам што да кажам.
 
Не постоеше одбраната денес. Да не беше Штеген можеше бламажа да се деси. Реализацијата исто криминално лоша. Настрана што голманчево влезе во Лав Јашин mode. Се на се не сум задоволен од играта ич, настрана од победата. Премногу недостатоци се видливи од авион. Ќе биде мислам тешко и против Бетис викендов.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom