Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Не разбирам зошто мислите дека Алба не чини?..баш тој не делува кко истрошен играч...можеби е дел од кланот ама пак си игра професионално кога и да го забележам.
Не е ептен лош, ама сепак и него годините го јадат. Ако не се лажам Гаја е некаде 25-26 години и во него има уште минимум 5 години добар фудбал. Валенсија е во распаѓање и може да се земе за ефтина пара, мислам дека 25 ќе се доволно. Плус шпански репрезентативец.
 
Ликот гарант е во тешка депресија, по фаца му се познава дека е психички проблемот кај него.
Можеби сфатил дека направил погрешен избор шо го направи трансферот, во смисла не дека отиде во лош клуб или пак дека Атлетико е подобар клуб од Барса ама за него ќе беше подобар избор да останеше во клубот.
Алфа и омега беше во Атлетико, се крстеа навивачите во него, звезда, во Барса е обичен играч, како шо му рече таја неговата мисирката во документарецот " Во Атлетико си Бог, легенда, во Барса ќе бидиш само уште еден играч" така и ќе испадни на крај.
Сакам да го видам под Куман како ќе се снајди, ако изигра како прошлата сезона Барса треба да биди среќна ако му извлечи 50/60 милиони за негово заминување, ако не се лажам зема најголема плата после Меси, 25 милиони ? Лошо, ептен лошо.
 
formation.png
Автоматски споено мислење:

Последно уредено:
Стоичков на инстаграм стави слика со Вајналдум и напиша новата осмица на Барса.

Меси и Фати сум ги футнал позициите :D
formation_06_09_2020_ 11_18_36.png

formation_06_09_2020_ 11_37_12.png
 
Кој им кур Депај сеа? Абе земи уште еден штопер макар и просечен, Умтити си оди а Пике незнае да игра фудбал. На Ленглет ли ќе оставиме 70 % од работата?
 
Депај со врзани очи и една нога е подобра опција од Гризман.

Одбраната ќе се реновира во некој друг трансфер рок најверојатно, срединава и нападов да ги потсредиме во овај ќе е добро.
 
Депај со врзани очи и една нога е подобра опција од Гризман.

Одбраната ќе се реновира во некој друг трансфер рок најверојатно, срединава и нападов да ги потсредиме во овај ќе е добро.

А Гризман каде ќе игра, ваљда не мислиш дека 25 милионски платен играч ќе седи на клупа? Плус Фати ако сакаме да добива минутажа ќе се створи гужва. За Дембеле муабет да не правиме, еве да кажеме и он да добие уште една шанса сезонава.

Сум за Депај не дека не, холандиски играчи секојпат минувале добро во Барса. Ама талентот треба да добие повеќе шанса, а Фати тешко дека ќе биде задоволен со последните 15 минути од утакмицата.
 
Депај ќе игра централен, Дембеле и Фати се лево. Со тоа што не очекувам Дембеле да остане здрав цела сезона, простор за Фати има многу.

Останувањето на Гризман е грешка, кај што е пропаднат и не се вклопува во системот, пак зема и 25 милиони плата, катастрофа. Сега кога и Кутињо е вратен, требаше да му се удри шут карта.
 
Кој им кур Депај сеа? Абе земи уште еден штопер макар и просечен, Умтити си оди а Пике незнае да игра фудбал. На Ленглет ли ќе оставиме 70 % од работата?

Трампа Ругани - Суарез? :icon_lol:
 
Депај напаѓач?? Од напаѓачиште како Суарез, со 30-50 гола во сезона ќе одите на Депај? После Меси сакал да си оди...
 
Депај напаѓач?? Од напаѓачиште како Суарез, со 30-50 гола во сезона ќе одите на Депај? После Меси сакал да си оди...
Која година е ова, 2014? Ако е, ондак муабетот е тој. Вие со еден куп играчи кои ни 10 гола не можат да дадат и Бензема зедовте лига и играте сто пати подобар фудбал. Депај за Суарез моментално е Роналдо Назарио де Лима.
 
Тоа дека немаме играч што може да даде над 10 гола е факт..освен Бенз.. :ROFLMAO: :D
Ама најсериозно бе, Депај како прво не е напаѓач/центарфор, а дури и да го играат на таа позиција, очекувате да се истури од голови, или 10-тина да даде таман е? Ич не ми е логичен трасферов, покрај играчи како Меси, Гризман, Фати, Кутињо па и Дембеле....се надевам ќе се изгуби начисто раперов..:toe::D:D

И не го спомнувајте хет-трикот, два од пенал му беа, не се рачуна..:icon_mrgr:
 
Фала Богу, Лео остана !!! Јасно е како бел ден дека поради управата Лео сакаше да ја напушти Барса, час поскоро треба да се протера мадридскиот шпион Бартомеу од клубот и да му се забрани вечно на него ,неговата фамилија и блиските соработници пристап на Камп Ноу. Се надевам дека ќе лежи доживотно затвор откако ќе се докажат неговите криминали. Ако има некој малку мозок во тренерскиот тим МОРА да се грабне Тиаго сега. Тој за евтина сума може да биде НАЈДОБРОТО ЗАСИЛУВАЊЕ. Наше дете е , перфектно го познава стилот на игра, најблизок е до Чави, кога замина ми беше премногу криво што го изгубивме, и да беше тој сигурен сум дека распад немаше да се случи како што ни се случуваше последните 3 години. Ниаков Вајналдум.
 
Го допревме дното ко клуб. Вакво однесување кон било кој играч е недозволиво, посебно кон најголемата легенда во клубот.
Не смеел да иде, да плателе 700 милиони.
Нека се распадне цел клуб од прв до последен.
Без навреда ама те читам недела дена и ми си чини ти си фан на Меси а не на Барса. :toe:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom