- Член од
- 26 февруари 2016
- Мислења
- 5.419
- Поени од реакции
- 13.602
- Возраст
- 37
Не одат на добро работите тоа на сите ни е јасно. На Сетиен му треба време, и тоа е јасно. Убаво што замина Валверде ама се гледа дека голем дел од проблемите се во играчкиот кадар, а па за тоа е крива управата и трансфер политиката во последните години. Кога доминиравме во време на Пеп па и Лучо имавме најмалку 5-6 играчи во врвна форма. Оваа сезона тоа можам да го кажам само за Меси и Тер Штеген. Суарез одигра одлично со оглед на годините ама еве и тој се повреди. Видал е борец и треба да му се даде поголема минутажа. Де Јонг и Гризман никако не можат да го остварат потенцијалот што го имаат главно ради глупи тактички одлуки. Алба, Роберто и Пике играат променливо. Бускец е бледа сенка на тоа што беше а за Ракитиќ не ми се ни прави муабет. Со ваков состав не може да очекуваме да доминираме и ако нема драстични промени од сезона во сезона ќе биде се полошо. Лани барем во лигата немаше конкуренција. Сега Реал е доста средена екипа и многу лесно можат да ја земат титулата.
Јас веќе немам некои очекувања од оваа сезона. Очекувам сезона без трофеј и големи промени на лето скоро на сите позиции. Ако не го направат тоа за некоја година кога ќе се пензионира Меси ќе паднеме во криза каква што е сега во Јунајтед или Милан. Може сега тоа на некој му изгледа нереално ама па пред 10 години изгледаше нереално и тие екипи да паднат на ова ниво.