Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Не одат на добро работите тоа на сите ни е јасно. На Сетиен му треба време, и тоа е јасно. Убаво што замина Валверде ама се гледа дека голем дел од проблемите се во играчкиот кадар, а па за тоа е крива управата и трансфер политиката во последните години. Кога доминиравме во време на Пеп па и Лучо имавме најмалку 5-6 играчи во врвна форма. Оваа сезона тоа можам да го кажам само за Меси и Тер Штеген. Суарез одигра одлично со оглед на годините ама еве и тој се повреди. Видал е борец и треба да му се даде поголема минутажа. Де Јонг и Гризман никако не можат да го остварат потенцијалот што го имаат главно ради глупи тактички одлуки. Алба, Роберто и Пике играат променливо. Бускец е бледа сенка на тоа што беше а за Ракитиќ не ми се ни прави муабет. Со ваков состав не може да очекуваме да доминираме и ако нема драстични промени од сезона во сезона ќе биде се полошо. Лани барем во лигата немаше конкуренција. Сега Реал е доста средена екипа и многу лесно можат да ја земат титулата.

Јас веќе немам некои очекувања од оваа сезона. Очекувам сезона без трофеј и големи промени на лето скоро на сите позиции. Ако не го направат тоа за некоја година кога ќе се пензионира Меси ќе паднеме во криза каква што е сега во Јунајтед или Милан. Може сега тоа на некој му изгледа нереално ама па пред 10 години изгледаше нереално и тие екипи да паднат на ова ниво.
 
Очигледно ни треба ремомтче во екипата. Истрошени и заситени ни се многу играчи.
Сетиен не ми е јасен со формацијата и позициите на играчите во истата.
Не може Роберто да игра штопер, а Фати офанзивен бек. НЕ МОЖЕ!
Нека не измислува топла вода. Ако веќе му даваат одврзани раце, на лето нека му дадат играчи што он си ги сака.
Пиќе и Бускетс колку и да напраиле за клубот веќе не се тоа тоа, иако сите тренери ги форсираат. Добри се за уште некоја сезона за од клупа и младиве да учат.
Семедо може да си замине комотно и да се бара нов офанзивен бек, Ракитич под итно и не знам Суарез колку би бил стариот од пред повредата кога ќе се врати, а мора да се напомене дека беше во многу јака форма.
На лето, десен офанзивен бек, штопер (искусен деснак) 9ка и по можност да се врати Кутињо.
Мислам дека треба да целат кон ова.

Голмани: Тер, Нето
Одбрана: Десен бек, Роберто, Штопер, Пиќе, Умтити, Ленгле, Алба, Фирпо
Средна: Бускетс, Де Јонг, Артур, Видал, Рики, Кутињо
Напад: Гризман, Меси, Суарез, 9ка, Дембеле, Фати
 
Се оди кон тоа дека следува голем пад, не гледам како тоа ќе го спречи тотално неспособната управа. Сите потези им се погрешни. Ни на лето не очекувам голем ремонт, а и тие играчи што можеби ќе ги донесат нема да се на нивото на Барса. Финансиски клубот не стои добро, се потрошија огромни суми на Дембеле, Кутињо, Гризман, касата е празна. Еве зимава гледаат да продадат нешто, играч само на позајмица може да доведеме. Не знам колкав би бил буџетот за трансфери на лето, мислам дека до јули не ќе можат да купат ништо, бидејќи се во минус.

Листата за потребни играчи стои вака: комплет одбрана(лев бек, десен бек, два штопери), два везни играчи, лево крило, напаѓач. Теоретска шанса нема да се реализираат половина од овие.
 
Лево крило немаме од 2017 од коа си отиде Neymar, исто така немаме десен бек од кога си отиде Dani Alves 2016.
За везни играчи што знаат асистенција напред да пуштат немаме од кога си отидоа Xavi во 2015 и Iniesta 2018...
Нема што повеќе да очекуваме. Кој е последен погоден трансфер? Од задни 20трансфери само De Jong и A.Melо се погодени...
Todibo пратен на позајмица наместо Pique да се закова на клупа, Coutinho пратен на позајмица наместо Rakitic да јаде клоца.

Од моментални играчи само De Jong,A.Melo,Ter Stegen и Messi заслужуваат да играт. Фалат уште 7 играчи да се докупат за прва постава. А за повеќе фронта не знам дали моменталниве би вршеле работа за да седат клупа/замена.
 
Порано од очекуваното. Треба да ја врати стандардната 4-3-3, вакви експерименти на сред сезона навистина не се потребни. Но, како што читам си го терал овај неговото во сите клубови, не прифаќал промена на неговиот систем. Нит играчиве се за бранење нит тренерот нит управава, да не знае човек на која страна да застане. Мириса на голем фејл, па или ќе летаат играчи или овај ќе попие отказ.
 
Очекувано беше ова, само не сакав да ви зборам пред време зашто ќе ме распневте дека сум за Реал. Во поглед на играчите, лош потег беше бркањето на Валверде на сред сезона со оглед на тоа што скоро сите играчи, поготово Меси беа застанати позади него и ја имаа неговата доверба. Тешко ќе му биде на Сетиен, нема да може да си го тера своето, ќе мора малце да попушти и да им удоволи на играчите поготово на Меси. Уште од старт постави некои ригорозни мерки со тренинзите и откажување на слободните денови што не поминаа баш најдобро кај играчиве.
 
Мене изјавата на Пике за откажаниот тренинг ми се виде како голем проблем во најава. Не можеш и не смееш онака да влезеш во отворен конфликт. Јавно.
 
Перез во Рома за 13 милиони. Ќе има и бај-бек опција.
Очигледно ќе собираат пари за на лето.
Тодибо ќе лета, Кутињо сигурно, Ракетата, Видал некој милион, Семедо... Може и Алења да го шитнат....
Ќе се иде на некое јако име сигурно.
 
Перез во Рома за 13 милиони. Ќе има и бај-бек опција.
Очигледно ќе собираат пари за на лето.
Тодибо ќе лета, Кутињо сигурно, Ракетата, Видал некој милион, Семедо... Може и Алења да го шитнат....
Ќе се иде на некое јако име сигурно.
Лаутаро, откупна клаузула 111 милиони, две недели во јули важи само.
 
Перез во Рома за 13 милиони. Ќе има и бај-бек опција.
Очигледно ќе собираат пари за на лето.
Тодибо ќе лета, Кутињо сигурно, Ракетата, Видал некој милион, Семедо... Може и Алења да го шитнат....
Ќе се иде на некое јако име сигурно.
so edno ime nisto ne praeme,bekovi krila kam neznam zasto ne trgnaa po Kimich strasen ofanziven bek a nie si ostanavme so Roberto..
 
Со глупавата управа не верувам да има толку промени, но ајде ќе пробам некој план за продажби да направам.

Дембеле за некои 50 милиони ако може да се шитне, исто и Кутињо, тоа се 100 милиони.

Ракитиќ ако успеат некого да прелажат 15-20 милиони.

Видал исто мислам ќе го продадат 10-15 милиони иако вреди повеќе.

Тодибо ако го откупи Шалке 25 милиони.

Перез 13 милиони ако го откупат.

Ваге немам појма 5-10 милиони ваљда.

Семедо исто мислам ќе сакаат да го продадат 30-40 милиони негде би требало.

Со Фирпо којзнае што ќе биде, речиси и да не доби шанса откако дојде. Алења појма немам, ваљда ќе биде продаден. Умтити исто е несигурен иако кај Сетиен игра прва, ама кога ќе видиш и Сетиен не е сигурен :D

Роберто, Пике и Бускетс треба да се шутнат, но тоа не е реално ни да се помисли.

Се на се околу 200-250 милиони од продажби се тоа. Буџетот за трансфери е енигма, мислам дека ќе е скромен. Лаутаро е 111 милиони, значи ќе се оди на поевтини варијанти за останатите позиции.

Голмани: Тер Штеген, Нето
Десен бек: Роберто, ?
Штопери: Пике, Ленгле, Умтити?, ?
Лев бек: Алба, Фирпо?
Среден ред: Бускетс, Де Јонг, Артур, Рики?, ?, ?
Напад: Меси, Суарез, Гризман, Лаутаро?, Фати?, Друго лево Крило?
 
Фати и Дембеле по крилата, Гризман шпиц, Меси позади нив како креатор.
За двете пивотски позиции има 5 конкуренти, чија минутажа може да се комбинира. Бускетс, де Јонг, Артур, Видал и Ракитиќ.
Алба и Фирпо лев бек, Семедо и Роберто десно, а Пиќе, Умтити и Ленгле ќе си делат минутажа како стопери.

Тер Штеген
хххх - хххх - хххх - хххх
хххх - хххх
Дембеле - Меси - Фати
Гризман​
 
Наводно претседателот на Валенсија е во Барселона, преговараат за Родриго. Сценарио во кое нема да има задолжителен откуп ќе е ок, но знаеме дека се неспособни за преговарање, така да ќе биде чудо ако го избоксираат тоа.
 
Де
Со глупавата управа не верувам да има толку промени, но ајде ќе пробам некој план за продажби да направам.

Дембеле за некои 50 милиони ако може да се шитне, исто и Кутињо, тоа се 100 милиони.

Ракитиќ ако успеат некого да прелажат 15-20 милиони.

Видал исто мислам ќе го продадат 10-15 милиони иако вреди повеќе.

Тодибо ако го откупи Шалке 25 милиони.

Перез 13 милиони ако го откупат.

Ваге немам појма 5-10 милиони ваљда.

Семедо исто мислам ќе сакаат да го продадат 30-40 милиони негде би требало.

Со Фирпо којзнае што ќе биде, речиси и да не доби шанса откако дојде. Алења појма немам, ваљда ќе биде продаден. Умтити исто е несигурен иако кај Сетиен игра прва, ама кога ќе видиш и Сетиен не е сигурен :D

Роберто, Пике и Бускетс треба да се шутнат, но тоа не е реално ни да се помисли.

Се на се околу 200-250 милиони од продажби се тоа. Буџетот за трансфери е енигма, мислам дека ќе е скромен. Лаутаро е 111 милиони, значи ќе се оди на поевтини варијанти за останатите позиции.

Голмани: Тер Штеген, Нето
Десен бек: Роберто, ?
Штопери: Пике, Ленгле, Умтити?, ?
Лев бек: Алба, Фирпо?
Среден ред: Бускетс, Де Јонг, Артур, Рики?, ?, ?
Напад: Меси, Суарез, Гризман, Лаутаро?, Фати?, Друго лево Крило?
Све убаво, ама Дембеле не го шиткаат, а па уште помалку и Кутињо за по 50 милиони.
Ако остане Сетиен, а Баерн не го откупи Кутињо сигурен сум дека пак ќе игра кај него.
Дембеле за мене е многу јак играч, ама повредите го ебат, нема континуитет. Ако, дај Боже, остане здрав до крај сезона, сигурно ќе ја врати формата и самодовербата и нормално нема да го продадат.
Така да, со Меси, Гризман, Дембеле, Фати и Суарез ќе се оди само на една 9ка (Лаутаро или Родриго уште сеа).
Кај Сетиен можен е среден ред Артур - Де Јонг - Кутињо, така да ќе треба само еден офанзивен везњак, обавезно десен бек и штопер.
Не верувам да купуваат лев бек.

Е сега, ова све пропаѓа у вода ако си оди Сетиен. Нов тренер - нови идеи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom