Не би прифатил тренер со 2 ЛШ титули и 6-7 домашни? Мурињо со добри играчи е доктор за ЛШ формат на натпреварување, второ место според мене после Клоп. Точно неговиот стил не одговара баш на филозофијата на Барса, али ликот е доволно интелигентен да препознае дека имаме страшен напаѓачки потенцијал напред и да смени нешто во играта.
Значи не зборувам одма да му се даде голем договор, али еве сеа сме септември отпушти го Валверде и дај му шанса на Мурињо до крајот на сезонава, ако покаже дека може да менаџира и да вади добри резултати зошто не.
Ова со Валдес се надевам искрено оти не сте сериозни, баш тоа не ни треба неискуство да замениме со уште поголемо неискуство.
Uzivaj deka mozes na Mourinho da mu nudis uloga ko da e Gus Hidink pa aj da te probame i mosh ke te potpisheme.
U sekoe intervju sto Mourinho go ima posle otkazot vo Utd zboruva deka ke potpishe samo za tim koj ke ima seriozni nameri so nego i ke mu gi ispolni site uslovi so mu trebaat.
Не би прифатил тренер со 2 ЛШ титули и 6-7 домашни? Мурињо со добри играчи е доктор за ЛШ формат на натпреварување, второ место според мене после Клоп. Точно неговиот стил не одговара баш на филозофијата на Барса, али ликот е доволно интелигентен да препознае дека имаме страшен напаѓачки потенцијал напред и да смени нешто во играта.
Значи не зборувам одма да му се даде голем договор, али еве сеа сме септември отпушти го Валверде и дај му шанса на Мурињо до крајот на сезонава, ако покаже дека може да менаџира и да вади добри резултати зошто не.
Ова со Валдес се надевам искрено оти не сте сериозни, баш тоа не ни треба неискуство да замениме со уште поголемо неискуство.
Мурињо откога замина од Интер нема остварено некој екстра резултат. Со целиот потенцијал што го имаше Реал тој успеа да земе едвај една титула во Ла Лига а во ЛШ не успеа ни до финале да дотурка. За времето во Манчестер па не вреди да се збори што очекуваа од него а што добија.
Мурињо тера свој стил кој според мене е застарен и не функционира веќе во денешниот фудбал. Последно што ни треба е тренер кој уште толку ќе ја умртви играта и целосно ќе ја сруши филозофијата на клубот. А па можам само да замислам колку ќе биде лоша атмосферата со него. Одма ќе се скара со пола играчи, ќе ги провоцира своите навивачи, ќе се кара со новинари и ќе ја префрла вината на друг кога нема да оди како што треба. Верувај не е за џабе тоа што ниеден сериозен клуб не проба да го потпише Мурињо по отказот во Јунајтед.
Друга работа е што јас нема никогаш да му ги заборавам сите испади и провокации против Барса и фановите. Така да нека си гостува по емисии или нека се врати во Порто. Нема што да бара во Барса.
Мурињо во Барселона може да го донесат само како преведувач, ако после Валверде назначат тренер кој не знае шпански.
Автоматски споено мислење:
Епа кулеси, заврши трансфер-периодот, доста бурен, повеќе со шпекулации отколку со некаква реализација, ама шта је ту је.
Донесовме 4 нови играчи, пред се 2ца играчи од кои се очекува да бидат првотимци (Гризман и Де Јонг) и да бидат засилувања кои ќе го подигнат нивото на квалитет во клубот. Фирпо и Нето се донесени за да бидат резерви, Нето ќе има шанса во Купот и можеби на некои небитни натпревари во лигата, а Фирпо се надеваме дека ќе има некоја минутажа и дека ќе се вклопи во тимот, бидејќи е млад и надежен играч од кој се очекува да го наследи Алба кој веќе има полни 30 години.
Од тимот си заминаа играчи кои не успеаа да се наметнат кај тренерот. Андре Гомеш, Денис, Малком се играчи кои заминаа перманентно од клубот, а Кутињо и Рафиња заминаа на позајмица, а и кај 2цата од нив клубовите во кои играат имаат право на откуп на договорот, со што намерата на клубот е да се ослободи од овие играчи, а не да се вратат наредна сезона. (за тие што не знаат, Рафиња вчера замина на позајмица во Селта)
Во новата сезона располагаме со само 21 играч регистрирани во прв тим: 2ца голмани (тер Штеген и Нето), во одбраната мислам дека добро сме покриени со Семедо и Ваге (десни бекови), 4ца добри стопери (Пиќе, Ленгле, Умтити и Тодибо) и Алба и Фирпо како леви бекови. Освен Пиќе и Алба кои се над 30 години, сите останати дефанзивци се млади играчи. Средината ни е позиција со најмногу играчи, односно за 3те (веројатно) позиции во средината ќе се борат 7 играчи. Де Јонг треба да биде сигурен стартер, а за останатите 2 позиции ќе ротираат дури 6 играчи: Артур, Бускетс, Ракитич, Роберто, Видал и Алења. Овде има многу енигми, навистина не знам кои од овие 6 играчи би имале најголема минутажа. Мислам дека најголеми жртви на Валверде оваа сезона ќе бидат Видал и Алења(посебно ми е жал за него) и очекувам овие 2ца да играат многу малку. Од останатите 4ца засега немам идеја кои 2ца ќе бидат најчести стартери заедно со Френки. Во нападот имаме "само" 4ца играчи: Меси, Гризман, Суарез и Дембеле. Меси и Гризман се сигурни стартери, а Дембеле и Суарез веројатно ќе ротираат во зависност од противникот, иако со Валверде ништо не се знае.
Во купот и во некои т.н. небитни утакмици очекувам одредена минутажа да имаат и некои момци од Б-тимот, како Рики Пуџ, Перез и Фати (он не е ни од Барса Б, туку од Хувенил А). Рики Пуџ е играч кој треба да добива шанса почесто да игра во првиот тим, затоа што малиот е ѕверка, но мислам дека тоа нема да се случи и Валверде ќе се правда со фактот дека е сеуште млад и дека во средината на теренот веќе имаме премногу играчи (иако Бускетс, Ракитич и Видал се над 30 години).
Нова сезона е пред нас, сезона која не започна баш најдобро, имаме 4 поени после првите 3 кола, групата во ЛШ не е ни малку лесна, но мое мислење е дека имаме играчки кадар за да се бориме на сите три фронта до крај, само да нема повреди кај играчите. Имаме играчи, за тренерот нема да коментирам ништо, ни позитивно ни негативно, оваа му е трета сезона, ќе судиме таму на крајот на сезоната дали е успешна или не.
Абе глупости чисти, цело лето бомбастични наслови, цело време тврдат каталонските медиуми дека Нејмар сака да игра само во Барса, а тој си го лади на плажа и не сакаше да зуцне. Нека крши глава таму, небитен е како семафор на ГТА.
Се повреди и Семедо...изгледа сериозно на носилки го изнесоа.
Болница станавме,Меси,Дембеле,Суарез,Нето,Фирпо...
3 кола пројдоа само ние пола тим го немаме,до нова година без играчи ќе бидеме како тргнало.
Тоа е,припремите не се одработија како што треба,си се шетаа сите по одмори ваму таму,сега ни се осветува тоа.
Никој не пишал за пензионирањето на Ето. Овој човек нема никогаш да го заборавам, голот против Арсенал у 2006 врежан ке ми биде у сеќавања. Една од најдобрите 9-ки светот што ги видел, како Ето и Суарез не верувам дека толку убиствена 9-ка ке видиме скоро во Барса. Фала ти многу мајсторе за се што направи за клубов.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.