Секогаш кога среќавам вакви неразмислени и неразумни постови ги игнорирам, ама ќе направам исклучок за овој затоа што е посебно игнорантен.
1. Дембеле игра во Барселона исто како што играше во Дортмунд. Еден меч изгледа како Светска класа, наредниот губи 10 топки по ред и изгледа како несозреано дете. Да си ги гледал Дортмунд редовно кога играше Дембеле немаше ни да помислиш да го искористиш како споредба помеѓу клубовите.
2. Суарез, Ракитич, Пике и Бускетс имаат 10 добри натпревари помеѓу нив во последните 2 и пол години, безброј ужасни натпревари а имаат загарантирано место како стартери. Тој нонсенс дека треба да бидеш перфектен за да играш во Барса звучи како некој што единствено ги гледал од 2008-2011 и мисли дека тоа е репер за целата историја на клубот.
3. Единствените играчи што трпат последици од лоши натпревари се резервисти, играчи кој имаат мала минутажа и ако не играат како Светска класа се исвиркувани. Пике може да одигра 10 лоши натпревари по ред и пак ќе игра. Што е и случајот оваа година.
4. Пако игра подобро и дава голови затоа што Дортмунд игра подиректен и поконкретен фудбал од Барселона. Бариос, Левандовски, Обамејанг, Ројс иако не е шпиц, лани Мичи, сега Пако, секој напаѓач доаѓа до израз, затоа што топката не кружи околу него 90 минути. А од друга страна не дава отчет како тоа што го прават сите во Барса кога е Меси во прашање. Мало Морген дека Меси ќе му го оставеше слободниот да го шутира на крај.
4. А дното на постот дека ако играш лошо во Дортмунд на никого не му е гајле и никој нема да те критикува, нема ни го коментирам.
Барселона е поквалитетен, поамбициозен тим ама твојот однос како Дортмунд да е Цементарница е во најмала рака смешен.