Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Очекувања за во недела момци ?

Прво, прашање е кој ќе игра на местото на Нејмар ? Арда се вратил на тренинзи но не ми се верува Лучо да почне со него од првата минута после скоро 2 месечно отсуство.

Друго, кој знае колку им е паднат моралот и самодовербата на нашиве после елиминацијава у ЛШ. Од друга страна, Реал очекувам да влезе со огромна самодоверба и мотивација да ја реши Примера. Уште ако нашиве се откажале од Примера има дебакл да доживееме.

Е сеа, остајте што викавме пред две недели дека е решено све, ако успееме некако да ги добиеме ќе имаат и те како огромен притисок Реал да добијат све до крај, а играат против неколку незгодни екипи, плус тука е и двомечов со Атлетико у ЛШ. Влогот им е голем на два фронта а Зидан очекувам да ротира у Примера.

Муабетот ми е дека нашиве не смеат да помислат на откажување уште од сега во Примера, шанси сеуште постојат, поготово кога Реал игра тежок двомеч за влез у финале, ние од друга страна порастеретени влагаме во последниов месец. Само треба нашиве да се дигнат од секој аспект, да дадат 100% на Бернабе, да си врзат дека шанси за Ла лига се уште постојат, па што биде, биде.

Иако, реално ако збориме, кога ќе собереме се, пеколно тешко ќе биде да се победи Реал на Бернабе, поготово во ситуација кога играме без Нејмар.
 
Во најлоша ситуација во последниве 10 години влегуваме во класикото. Од ваква гледна точка, премија е да се избегне дебакл, остајте на страна мотив, желба ова она. Со ваква средина тешко дека ќе се направи било што. Очекувања никакви, изгубена е лигава, исто како што лани се знаеше дека ја земаме, сега е обратно. Нека изиграат растеретено, можеби подобро ќе е така.
 
Како бе да изиграат растеретено.... Мора да се даде се од себе да се победи Реал на Бернабе. Тоа мора да се случи . Оваа е последна шанса за спас на сезоната. Да се победи Реал и потоа притисокот ќе е на ниввна страна. Ги победивме без Меси пред 2 години 0-4 , зошто да не ги победиме без Нејмар. Не заборавајте , во Ел Класико формата на екипите не е толку битна, битна е мотивацијата. Победа му е мајката, а јас место Неј би го играл Арда ако е спреман од 1ва минута....
 
Како што играат нашиве топло-ладно цела сезона, тотално непредвидливо е што ќе се случи во недела. Или ќе ги помочаме убаво сред Бернабеу, или ќе не потопат.

И на крај ќе испадне нерешено 1-1 или 2-2...
 
Како бе да изиграат растеретено.... Мора да се даде се од себе да се победи Реал на Бернабе. Тоа мора да се случи . Оваа е последна шанса за спас на сезоната. Да се победи Реал и потоа притисокот ќе е на ниввна страна. Ги победивме без Меси пред 2 години 0-4 , зошто да не ги победиме без Нејмар. Не заборавајте , во Ел Класико формата на екипите не е толку битна, битна е мотивацијата. Победа му е мајката, а јас место Неј би го играл Арда ако е спреман од 1ва минута....
После се што се случи сезонава, нема шанси реал да испушти ваква предност, ниту тоа некои ќе го дозволат. Без играчот во најдобра форма и со морал 0, после испаѓањето од јувентус, пуста желба е да се надеваш на резултат 0-4. Не ја споредувај ситуацијава со таа утакмица, небо и земја е разликата. Нека излезе Енрике со 4-4-2 формација, за колку-толку да држиме рамнотежа во средина, ако е спремен Арда и јас би го играл, да не го гледам Гомеш само.
 
За вечер секој исход ми е прифатлив , само да не биде бродолом од типот на 4-0 или 5-0. Со моменталните дешавки во последните 2 недели секој пораз од 1-2 разлика е прифатлив , се друго подобро од ова е бонус.
 
За вечер сакам некоја си формација 4-4-2... И така Меси повеќе влага у средина, а немаме некои крила... Нема да ме чуди, да почне и Пако прва место Нејмар.. не верувам Туран многу време нема играно.

Роберто - Пиќе - Умтити - Алба
Ракитич - Гомес - Бускетс - Иниеста
Меси - Суарез

Роберто - Пиќе - Умтити - Алба
Меси - Ракитич - Бускетс - Иниеста
Пако - Суарез​
 
FC BARCELONA: Ter Stegen; Sergi Roberto, Piqué, Umtiti, Jorid Alba; Sergio Busquets, Rakitic, Iniesta; Messi, Luis Suárez y Paco Alcácer.
 
Енрике овој пат без изненадувања.

Visca Barca!
 
време му е на Меси да ги размрда тие ноџињата како во старите денови, не очекувам ништо од Иниеста кој е полупокоен во светот на фудбалот веќе, повторно Серџи Роберто на бек и тука ќе фучи и те како одбраната ништо чудно за брзо и црвен да заработи , како и од другата страна оригинален бек кој сезонава трча како мува без глава и не е ниту за општинска лига(Алба), во средината Бускетс мисли дека повторно игра со Чави и Иниеста во најдобрите денови па ќе го вадат на секој негов кикс напред-назад, тимот е неизбалансиран тотално да се очекува нешто да се случи сезонава позитивно
 
Со секој разумен резултат, пораз не повеќе од 2 гола сум задоволен :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom