Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Пиќе почна да оди во напад уште сега
 
То е то, секоја чест за борбеноста, неефикасност како и во повеќето утакмици во последно време, но што е тука е, не може денес ништо да им се замери, дадоа се од себе.
 
Генијалноста на Алегри, желбата и борбеноста на играчите на Јуве да го кренат трофејот во ЛШ буквално ја потопи Барса. Жалам како фан на Барса, но работите се искрени и реални. Јуве го има тој младешки полет кој нас ни фали. Дали времето и освоените трофеи си го земаат данокот не знам. Мислам дека во таа насока треба да се гради екипата. Костурот го имаме, но мора да се донесат играчи дали од кантерата или од друг клуб кои се жедни за докажување и титули.Треба да се почувствува дека го имаат тој полет кој го има Монако или Јуве годинава. И убаво е за фудбалот да има промена. Доволно долго траеше доминацијата, со мали промени повторно може да се дојде до врвот. Честитки за Јуве, и многу среќа понатаму!
 
Срамно што во двата натпревари не дадоа ниту еден гол , а имаше најмалку 6 чисти шанси .

Очигледно е дека на тимов му треба освежување во средниот ред и тоа треба да биде приоритет за засилувања .

Секоја чест за публиката на стадионот и за поддршката на крајот.
 
Да не им стане навика само во четвртфинале да испаѓаат. Толку среќни бевме 20 играчи во средина демек имавме, на крај ниту еден што вреди. Не ремунтада, реконкструкција треба на тимов.
 
Тоа е момци, во Торино се изгуби двомечов, можеби да погодеше Иниеста сега ќе гледавме сосема поинаков натпревар, ама тоа е, севкупно земено доста се лоши сезонава за нивен стандард. Па и без постигнат гол у двомечов, нема што да се бара у 1/2 финале.

У Ла лига исто шансите се минимални, поготово сега кога ќе бидеме без Нејмар на Бернабе. Останува купот да се освои, кога се веќе во финале...

Следната сезона со нов тренер и со паметни трансфери очекувам доста подобра сезона.
 
Бускец , Иниеста , Ракитиќ , Денис Суарез , Гомеш и Рафиња .

Денис Суарез и Гомеш одма треба да летаат од тимов , Иниеста наредна сезона треба да има улога како Чави во последната сезона , остаре човекот . Ракитиќ ако се вклопува во идниот ремонтиран тим нека го задржат , ако не тогаш нека се продаде . Роберто нека биде во комбинација за среден ред а никако за десен бек .

Во средина немаме ниту еден друг класа играч . Тоа е прв приоритет и тоа двајца играчи .
Втор приоритет е десен бек .
 
Бускетс останува 100%, Рафиња исто (не гледам причина зошто би си отишол), Денис Суарез не доби шанса за да се оцени дали е добар или лош.
Ракитич е прв кој треба да си оди. Едноставно, неговото време помина. Дојде заедно со Енрике, ќе си замине заедно со него.
Андре Гомеш. Неговото време заврши уште пред да почне. Не верувам дека ќе му се даде втора шанса.
Иниеста би го оставил уште една сезона(договорот му завршува 2018), улогата се знае дека ќе му е да влегува од клупа.
Арда Туран нема што повеќе да бара. Не игра добро во средина, а на крило нема што да бара на местото на Нејмар.
Матје. Тука нема што да се објаснува.


Во одбрана им треба четврт стопер (после Умтити, Пике и Маскерано) и десен бек за во прв тим (замена го има Видал). Левата бековска позиција е добро покриена со Алба и Дињ.
Во средина остануваат Бускетс, Денис, Роберто и Иниеста. Ова значи дека под итно мора да се донесат 2ца добри играчи во средина (нормално фаворити на сите им се Кутињо и Верати), ама тешко било кој од 2цата да го донесат.
Во нападот МСН стандард, а нивни замени Рафиња, Пако и Деулофеу нека го вратат.
 
Толку беше оваа сезона... Се знаеше дека Јувентус не е Псж и дека и да отидев да ја гледам пак немаше да се повтори Псж :icon_lol:

Значи овака стојат работите... Оваа сезона ја усра само еден човек... Тоа дефинитивно е Енриќе. Ја еба работата на големо со никаквиот баланс во тимот од аспект на ротации. Човекот се изгуби и колку и да го бранев во годините наназад , оваа сезона тој е главниот виновник за ова што се случи ...
Значи ти да го форсираш Андре мадафака Гомеш пред Раќитич , пред еден Арда ејјј , пред страшни имиња во тимот , да буташ со глава ѕид е непромислена ретардирана работа. Ако причината за негово форсирање е управата тогаш ти немаш став за да си тренер на Барселона, а и управата на чело со Бартамеу кој само во сплет на околности успеа да стане претседател , а уште потрагично е шо остана само заради триплетот кој го донесе МСН. Направија некој добри трансвери, ама најмалку 50% ги утнаа ...

Матје, Гомеш па и Алкасер можат уште утре да си го фаќаат патот.

Арда сакам да остане, човекот е голем борец и верувам дека ако му се дадеше шанса каква што доби Андре мадафака Гомеш ќе се вклопеше, и во средина ќе одиграше екстра.

На Денис Суарез би му дал уште шанса затоа што детето има што да понуди, има голем талент и верувам во него. Рафиња исто така.

За наредна сезона ОБАВЕЗНО квалитетен тренер, најмалку еден играч од средината ( креативец) ала Верати, Тијаго, десен бек , еден замена штопер од Барса Б, и ако го продадат Алкасер да се земе друг напаѓач за од клупа.
 
Не очекувајте големи имиња ова лето да се доведат, едноставно така работи управата. Или, некое големо тренерско име да се доведе со авторитет.
 
Незнам кога се изборите мислам 2018 , ако планира друг мандат нема да помине без најмалце 2 големи имиња. Верати е потребен како вода у пустина.
 
2021 се изборите.
Претседателот има 6-годишен мандат, а Бартомеу беше избран летото 2015та.
 
Повеќе среќа идната сезона

44a3431965156b2daee23ce1634a1217.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom