Толку беше оваа сезона... Се знаеше дека Јувентус не е Псж и дека и да отидев да ја гледам пак немаше да се повтори Псж
Значи овака стојат работите... Оваа сезона ја усра само еден човек... Тоа дефинитивно е Енриќе. Ја еба работата на големо со никаквиот баланс во тимот од аспект на ротации. Човекот се изгуби и колку и да го бранев во годините наназад , оваа сезона тој е главниот виновник за ова што се случи ...
Значи ти да го форсираш Андре мадафака Гомеш пред Раќитич , пред еден Арда ејјј , пред страшни имиња во тимот , да буташ со глава ѕид е непромислена ретардирана работа. Ако причината за негово форсирање е управата тогаш ти немаш став за да си тренер на Барселона, а и управата на чело со Бартамеу кој само во сплет на околности успеа да стане претседател , а уште потрагично е шо остана само заради триплетот кој го донесе МСН. Направија некој добри трансвери, ама најмалку 50% ги утнаа ...
Матје, Гомеш па и Алкасер можат уште утре да си го фаќаат патот.
Арда сакам да остане, човекот е голем борец и верувам дека ако му се дадеше шанса каква што доби Андре мадафака Гомеш ќе се вклопеше, и во средина ќе одиграше екстра.
На Денис Суарез би му дал уште шанса затоа што детето има што да понуди, има голем талент и верувам во него. Рафиња исто така.
За наредна сезона ОБАВЕЗНО квалитетен тренер, најмалку еден играч од средината ( креативец) ала Верати, Тијаго, десен бек , еден замена штопер од Барса Б, и ако го продадат Алкасер да се земе друг напаѓач за од клупа.