Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам дали сте постирале, сеа излезе на марка некои давале изјави незадоволни навивачи напуштиле стадион у 80та минута :D :D :D :D
 
И да, Штерген заедно со Нејмар мислам дека беа клучот вчера... На 3-1 коа искочи сама Кавани му фати зицер и последниот фаул беше направен над него :)))
Злато вреден голман. Дефинитивно права одлука да биде прв голман и во ЛШ и во Лигата...
тоа е таа германска школа на голмани, нормално Тер Штеген е над просек и затоа е во Барса

Браво беше задолжен за читање на шпанските клубови , а Штеген во европа дури да стекни искуство во Ла Лига,годинава е апгрејтован :D
 
Не знам дали сте постирале, сеа излезе на марка некои давале изјави незадоволни навивачи напуштиле стадион у 80та минута :D :D :D :D
На марка можат да напишат дека псж поминал понатаму, ништо чудно.
 
Ако некој клуб ги помина сите граници во испишување на историјата тогаш тој клуб е Барселона. Ова беше во низата неверојатни фудбалски нешта на оваа Барселона.
Најмногу што ми се допадна беше атмосферата која владееше на Камп Ноу, ваква атмосфера никогаш порано немало. Огромен притисок од трибините.
Вреди да се пофали и мотивацијата на тимот, од почеток наметнаа темпо и бркаа како кучиња низ теренот.

Играта не ни беше најтечна, технички сме имале многу подобро изиграни натпревари, но резултатот е највреден.
Нејмар не крена од мртвите, тој заедно со Суарез беа тие кои во ниту еден момент не се откажаа и покрај примениот гол тие продолжија да трчаат и да направат пресинг исто како да не примиле гол. А Тер Штеген не одржа во живот.

Ваков пресврт во фудбалот не памети историјата, па затоа има многу хејтери кои ќе јадат гомна и ќе се обидат да го оцрнат овој резултат, но не им давајте важност. Навивачи на клубови кои пателе и се останати со трауми од силувањето кое им го приредило Барселона на терен, тие се тие кои се обидуваат да се прикажат како експерти.
Фудбалски легенди, големи имиња во фудбалот симнаа капа на овој подвиг, па остана на серковци на интернет да кажат како требало, што требало.


Иначе во недела веќе не очекува Ла Лига и верувам дека сега моралот е на највисоко можно ниво, па се надевам дека нема да испуштаме бодови без врска како што многу пати беше случај оваа сезона.
А и во ЛШ има долг и тежок пат да се изоди, силни можни противници...но ако Барса е на своето ниво ќе нема проблем.
 
Ако има такви "навивачи", тогаш не ни заслужиле да го видат пресвртот.
Имаше еден од Ротердам тип, седел во 8 ред во аголот каде што отишол да се радува Роберто после голот, он во 85та минута излегол, сакал да избегне гужва. На крај голот на Роберто во кафич пред Камп Ноу го видел, низ прозорецот.
 
Имало и некој фан на ПСЖ на кампот со благ срцев удар , за среќа се поминало добро хоспитализиран бил преку вечерта. Страшна утакмица , цел фудбалски и нефудбалски свет зборува денес за ова. Цел град го прошетав денес , кај и да одам секаде е таа тема. :D
 
Какваааааа историја, присуствував на најисторискиот натпревар на Кампот. Плачев од радост плачев !!!!!!!! Поздрав од Барселона !!!!!![DOUBLEPOST=1489106325][/DOUBLEPOST]Пс фановите на псж пред натпреварот пред стадион страшно провоцираа , матер и ебам француска, после не излегоа од стадионот 5 часа. Putaaaaaa Psg
 
Иван Ракитиќ заборавив да го пофалам вчера, изгина човекот, растури.
Мене пак впечатокот ми беше дека е доста лош. Негова беше и грешката заедно со Пиќе при голот. Имаше и доста загубени топки. Умтити имаше натпревар од сништата.
 
2vipiqa.jpg
 
Мене пак впечатокот ми беше дека е доста лош. Негова беше и грешката заедно со Пиќе при голот. Имаше и доста загубени топки. Умтити имаше натпревар од сништата.
Да, направи грешка за голот, но сепак мислам дека доста одработи на средина, покриваше и за него и за Меси. За Умтити се согласувам дека одигра одлично.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom