Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Сите зборуваме Барса вака,Барса така..Објективно гледано, ПСЖ беа страшни вчера. Страшно компактна екипа со поединци желни за успех. Гледајте само со каков жар се радуваат. Нашите полека стануваат манекени со своите Инстаграм профили,а на терен Средината слаба со Гомез, Ракитич е очигледно несреќен, Роберто не е ни сенка на Дани...Иниеста стар, Буси изгубен.ПСЖ имаа своја вечер, а јас знаев колку е саатот оној ден кога го примивме од Сити. За нас е лошо, но за фудбалот е убаво ова што се случува и тоа што нови екипи се конкурентни
 
Не се слаби ПСЖ, ама споредено со претходниве сезони се послаби. Не се први во француска лига, завршија втори во група со Арсенал кој секоја година се мачи против Олимпијакос и остала багра. Побогу, едвај тепаа Лудогорец. Проблемот е што ние изигравме неколку нивоа под Лудогорец, Мец, Рен. Изгледавме како Алавес против нас пред некој ден. Имавме еден шут во рамки на голот. Најбедна утакмица од Барса последниве 10 години (минимум) во Европа. Еве ќе одат понатаму ПСЖ, 99%. Ќе видиме колку далеку ќе стигнат и колку се они јаки...или колку сме ние слаби.
 
Каква катастрофа ни се случи. Колку бев среќен шо ќе одам на реваншот на кампот, ми ја убија пола од таа среќа. Каков пристап од целата екипа. Катастрофа. Уште кога го видов гомнарот Гомеш пред Ракитич, се ми беше јасно. Енриќе нека си го фаќа патот шо побргу, тоа поарно заедно со преценетиот гомнар за кој дадоа 40 милки !!!
 
Затоа е многу битен фактор среќата во ждрепката. Оти ако одигравме ваков очаен меч против бенфика сигурно немаше да бидеме во аут.

Како и да е вчера Енрике си го потпиша отказот, моето мислење за неговиот период е позитивно. Во секој случај најдобриот тренер што сме го имале во годините после Пеп.
 
Имало порази, имало очајни утакмици, очајни полувремиња, ама никогаш не ми се случило да прекинам да ја гледам утакмицата од шо сум бил сигурен дека нема шанси нешто да направат. Уште во првите 10 минути се виде колку всушност не знаеја што прават и немаа идеја што да прават кога ќе ја добијат топката во нозе.
Смешни беа, трагични, очајни. Тер Штеген само изигра од кај нас, да не беше он ќе се случеше Манчестер - Рома од пред неколку години. Едно добри 3-4 добри шанси имаа што Тер Штеген ги одбрани.
Како на екскурзија им се шетаа по средина, Суарез и Иниеста не бев сигурен дали воопшто влегле на теренот, Андре Гомес два пати скроз чисти шанси промашува во ЛШ, прво со Сити, сега со ПСЖ. Не дека којзнае што ќе променеше тој гол, ама сепак...
Верати и Ди Марија ги изиграа најдобрите партии против Барселона ever, начисто ги отворија од сите страни.
Нека тепаат на кампот некои мизерни 1-0, 2-0, па збогум со здравје на сезонава, Алавес да се тепа во КДР и сезонава да ја прогласиме за средно жалосна.
 
Тиаго е појак од сите моментално што ги имаме на средината. Баш ми е криво, а јас мислев дека тоа ќе биде замената за Чави.
 
Се шпекулира дека помошникот на Енрике, Унзуе ќе биде новиот на клупата на Барса...Искрено, сакам некој нов кој ќе направи мала револуција, овој не знам дали е спремен за таква работа..
 
од овој момент сезоната може да оди само нагоре, не и надоле. подоле од ова нема, проста физика.
мислам дека во слична ситуација изгубена беа реал лани некаде ова време дек-јан, па на крај освоија ЛШ и се се заборави.
примера е прилично загубена, но не дефинитвно. има место за киксвеви и серии. така да има место за нагоре, за надоле не.
лш е загубена (нема да ги гледаме на филип втори), ама еве има 1 посто шанса, може само нагоре, надоле не.
притисок нема, ќе нема. тоа е најбитно. единствена извесна титула ни е купот, и се друго ќе биде премија од сега па натака.

енрике ја смени играта, сега сме подирекни, нема пимплање, нема тупење. тоа значи повеќе игра и простор за секој противник. со ваква екипа каква што имаме, тоа е пропаст. овој состав не смее да остава простор, за жал мора да ја пимпла, не сме дизајнирани моментално за отворена игра. пресинг не се сеќавам последен пат кога сме изиграле. на пеп му беше совршено јасно дека екипата се брани на тој начин што времето потребно за противнички напади се троши со наш посед, и на тој начин се браниме. доколку сакаме отворена игра, а до израз да дојде таленот на меси, суарез и нејмар, тогаш наместо бускетс и факинг-гомеш потребни ни се играчи ко видал и канте.

како и да е, сезоната прилично рано ни завршува, фебруари. тоа не се десило ..хм..10 години? може и више. сега е право време да извлечат некое чудо до мај.
 
Лошата игра ни е веќе година дена, со слабата форма на Ракитич немаме играч кој може малку да направи пауза во играта, да ја задржи и да наметне темпо. Третиот во средина после Бускетс и Иниеста не го најдовме сезонава иако се бараше од почеток. Многу е едноставно дечки, немаме средина. Кога бевме најдоминантни го имавме најдобриот среден ред, сега имаме неизградени играчи и изморени играчи во среден ред. Верати ни е потребен многу, мислам дека само тој може да го крене видно нивото на игра. Гомеш, Туран, Ракитич - сите се за продавање. Верати - Рабио, Крос - Модрич, Видал - Тиаго(:(), па и Коке - Саул се поенергични, подоминатни во средина моментално од било која двојка наша пред Бускетс. Меси се враќа до свој шеснаесетник за да започне акција...
Дури ако се случи некое чудо и го свртиме резултатот што мислам дека се граничи со фантастика мора да се избрка Луис Енрике. Фала ти легендо, ама доста е. Ако случајно после бркањето на Енрике го задржиме Унзуе упм нека фати цела управа. Уствари, покрај златен Сампаоли ако донесат било кој друг нека се гонат.
 
Indications are that the Asturian will walk away in any case and the Blaugrana have identified three possible successors for the post this summer: Ernesto Valverde, Eusebio Sacristan and Ronald Koeman.
 
од овој момент сезоната може да оди само нагоре, не и надоле. подоле од ова нема, проста физика.
мислам дека во слична ситуација изгубена беа реал лани некаде ова време дек-јан, па на крај освоија ЛШ и се се заборави.
примера е прилично загубена, но не дефинитвно. има место за киксвеви и серии. така да има место за нагоре, за надоле не.
лш е загубена (нема да ги гледаме на филип втори), ама еве има 1 посто шанса, може само нагоре, надоле не.
притисок нема, ќе нема. тоа е најбитно. единствена извесна титула ни е купот, и се друго ќе биде премија од сега па натака.

енрике ја смени играта, сега сме подирекни, нема пимплање, нема тупење. тоа значи повеќе игра и простор за секој противник. со ваква екипа каква што имаме, тоа е пропаст. овој состав не смее да остава простор, за жал мора да ја пимпла, не сме дизајнирани моментално за отворена игра. пресинг не се сеќавам последен пат кога сме изиграле. на пеп му беше совршено јасно дека екипата се брани на тој начин што времето потребно за противнички напади се троши со наш посед, и на тој начин се браниме. доколку сакаме отворена игра, а до израз да дојде таленот на меси, суарез и нејмар, тогаш наместо бускетс и факинг-гомеш потребни ни се играчи ко видал и канте.

како и да е, сезоната прилично рано ни завршува, фебруари. тоа не се десило ..хм..10 години? може и више. сега е право време да извлечат некое чудо до мај.

Извинете на мешање, сакам само да се надоврзам и да се согласам дека сега може само нагоре надоле не.
 
Интерно се уништивме. Управата ја утна работата со тоа што не купи квалитетен десен бек и зеде дрво играч од среден ред. Додадете го и Енрике и ова е комплетен крах. Не можат да се справат со Леганес на домашен терен. Не заслужуваат ништо
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom