Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Е вакви акции треба како за голот на Суарез , доста со тупење и врткање од крила.
 
Гранада обезбеди опстанок :vozbud: Во последно коло влегуваат без мотив.

Титулата е на милиметри од нас :oleee:
 
Ајде уште со Гранада да влезат со 100% и готово. Атлетико конечно падна
 
Од друга страна добро е што отпадна Атлетико. Нека си се фокусира таму за Лига на Шампиони против циганине кои денес едвај се извадоа со Валенсија. Да влезеше една од пречките, стативата, ќе се славеше титула. Вака ќе се почека.
 
Тешка ќе биде утакмицата со Гранада, без разлика на тоа што се безбедни. Олеснителна околност е тоа, ама сигурен сум дека ќе трчаат 90 минути ко да им зависи опстанокот, а и плус ќе бидат послободни. Сепак, Барса е Барса и треба да ги срамне со земја, па и судиите да се наклонети на противникот како денеска. Минатата година го победивме Атлетико 1-0 на Калдерон за титула, сега за Гранада ќе спремат петарди Суарез и Лео.
 
Гранада обезбеди опстанок :vozbud: Во последно коло влегуваат без мотив.

Титулата е на милиметри од нас :oleee:
Абе не мора да значи ене и Леванте беше без мотив, па го отпадна Атлетико од трката за титула
 
Абе не мора да значи ене и Леванте беше без мотив, па го отпадна Атлетико од трката за титула
Во право си, плус треба да се има предвид дека циганот Перез може да им фрли некои милионче, па да играат како здивени :D
 
Не се 17, ама и 5 не е лошо. Перфектна утакмица. Со истиов пристап ако влезат и против Гранада наша е.
 
Со двојна би бил презадоволен... МОРА да искинат уште овие 2 утакмици, МОРА!
Тројна па двојна, не е мала работа, мора да се признае.
Иначе околу менаџерот и ние малку претеравме :D ама искрено вишокот треба да се исфрли, а има многу. Пример Даглас, Сандро, Бартра и Вермален секако не добиваат шанса, нека си одат.
Јак млад штопер, напаѓач и Денис Суарез и тоа е тоа. Другото зависи од тоа дали некој ке сака да си оди како Дани, Адриано...

П.С. Ако освоиме двојна, у Супер Купот на Шпанија играме со финалистот на Купот или вториот во Шпанија?
 
П.С. Ако освоиме двојна, у Супер Купот на Шпанија играме со финалистот на Купот или вториот во Шпанија?

Какво е ова прашање?..малце да размислиш ќе ти стани јасно со кој играте..мислам логично е само да се сетиш со кој игравте Супер Куп лани и се ќе ти стани јасно
 
Какво е ова прашање?..малце да размислиш ќе ти стани јасно со кој играте..мислам логично е само да се сетиш со кој игравте Супер Куп лани и се ќе ти стани јасно
Да бе, Билбао не потопи летово :D
 
Вчера не стигнав да пишам на форумов, па еве сега. Супер беше ова со Еспањол, штом толку се фалеа дека го паметеле вечно голот на Тамудо во 2007, еве сега нека ја паметат вечно петардава. :gjavol:

Инаку титулата е скоро освоена, но мора да бидат внимателни со Гранада. Читам денес како Ајакс болно ја изгубил титулата во Холандија вчера. Реаловци се кренаа многу, летаат во облаци моментално. Колку само сакам да ги изгубат и двете титули. Барса да земе шпанско, а Атлетико ЛШ.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom