Интересна сторија која треба да ја знаат навивачите на Барса:
Иниеста откри интересна приказна поврзана со Роналдињо и Реал Мадрид
17 Февруари, 2016
Легендата на Барселона, Андрес Иниеста на шпанските медиуми им откри интересна приказна поврзана со големиот Роналдињо Гаучо и Реал Мадрид.
Имено станува збор за сезоната 2005/2006, за тоа како волшебникот од Порто Алегре пронашол начин да ги мотивира своите соиграчи пред пресметката на „Сантијаго Бернабеу“.
-Неколку дена пред мечот со Реал, Роналдињо ми се јави сред ноќ и ми кажа: Андрес знам дека е три наутро, но морам нешто да ти кажам. Во јуни заминувам, мојот брат се договори со Реал, тоа се наверојатни цифри и не можам да кажам не. Ти си млад можеш да ме разбереш. Те молам немој на никого да кажеш. Немој да ме издадеш, тебе ти верувам повеќе од останатите, -ја започна својата приказна Иниеста и потоа додаде:
-Не ми даде време ни да одговорам, ми ја спушти слушалката. Следниот ден на тренингот се почуствува чудна тишина. Сите бевме чудни. Дојде денот за Ел Класико и тој ни се обрати: Момци денеска играме важен натпревар, тие се силни, но ние функцинираме како семејство. Ви се јавив на сите и ви кажав дека си заминувам во јуни, ни никој ништо не проговори. Сфатив дека секој од нас попрво би умрел, него да го издаде другарот. Јас ќе останам овде, а сега ајде на терен и да ги подучиме овие од Мадрид.
Другото е историја, односно таа вечер Роналдињо брилјираше постигна два гола во триумфот на Барса од 3:0, а доби овации и аплаузи од навивачите на „кралевите“.
http://derbi.mk/iniesta-otkri-interesna-prikazna-povrzana-so-ronaldinjo-i-real-madrid/