Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Среќен нека им е роднеденот и на Роналдињо и на Алба , на Алба му посакувам уште многу натпревари во нашиот дрес ....

Во врска со Ел Класико

Luis Enrique "Da li će igrati Busquets? Očigledno je da nije 100% spreman, ali je dostupan. Već tri dana trenira sa ekipom."

Доколку Бускетс стартува, а мислам дека тоа и ќе се случи мислам дека ќе нема никакви промени во најдобриот состав.

Браво
Дани Пиќе Маскерано Алба
Бускетс
Ракитич Иниеста
Меси Суарез Нејмар​

А, ако не е спремен Бускетс, Маске ДМФ, а Метје стопер.
 
Само Матје да не го стави да игра бек...најслаба точка ни беше тоа минатото Ел Класико...Кога сме кај минатото Ел Класико, која е според вас разликата меѓу тогашната Барса и оваа денес?
 
Само Матје да не го стави да игра бек...најслаба точка ни беше тоа минатото Ел Класико...Кога сме кај минатото Ел Класико, која е според вас разликата меѓу тогашната Барса и оваа денес?

Иако Лучо правеше многу изненадувања во врска со составот во првиот дел на сезоната мислам дека овој пат нема шанси да има изненадувања од типот Матје бек.... Тоа мислам и дека е една од разликите од денешната Барса и онаа на првото Класико. Во тој дел на сезоната и самиот Енрике не знаеше кој му се најдобри 11. Другата разлика е Суарез и Меси. Суарез тогаш играше прв пат после голема пауза , а и поставеноста во нападот не беше добра. И најважната разлика е Меси. Меси е во неверојатна форма. 80% од натпреварот го поминува на својата природна позиција, десно крило и е многу поефективен таму.
 
Истиот состав од Сити ќе биди само со Браво на гол.. Бускетс ќе влези 60та минута негде да го задржи водството од 4-0
 
Иако Лучо правеше многу изненадувања во врска со составот во првиот дел на сезоната мислам дека овој пат нема шанси да има изненадувања од типот Матје бек.... Тоа мислам и дека е една од разликите од денешната Барса и онаа на првото Класико. Во тој дел на сезоната и самиот Енрике не знаеше кој му се најдобри 11. Другата разлика е Суарез и Меси. Суарез тогаш играше прв пат после голема пауза , а и поставеноста во нападот не беше добра. И најважната разлика е Меси. Меси е во неверојатна форма. 80% од натпреварот го поминува на својата природна позиција, десно крило и е многу поефективен таму.
Има уште една разлика - Нејмар.
Преголем пад има на формата, на тоа Ел Класико мелеше по лева страна, 100 фаули му направија ама ни беше најдобар (барем во првото полувреме кога пробуваа фудбал да играат, во второ сите беа за никаде). А не знам каде беше напишано, дали по форумов, дали по порталиве читав изјава дека нашата тројка напред сеуште го нема достигнато врвот. Значи сите тројца не беа во топ форма во ниеден момент од сезонава. На почетокот го немавме Суарез, а и кога почна да игра му требаше време да се привикне ама го имавме Нејмар со најдобрата полусезона негова во Барселона.
Сега го имаме Суарез (кој јасно беше дека еднаш ќе проработи), ама па Нејмар е со најслабата негова полусезона засега во Барса, едноставно мизерен е.
Меси си е константен годинава иако овој период е посебно феноменален, си ја креваше формата за максимумот да го достигне кога треба најмногу.
Моментално сме одлични, ама Нејмар ќе мора да проработи, барем со асистенции ако не со голови, ќе мора сега последниве утакмци да го има и неговиот придонес како на тоа прво Ел Класико. Е ако/кога тоа се случи, тек тогаш ќе бидеме најопасни и први фаворити за титулата секаде (Купот веќе го рачунам за освоен, терористиве се слаби годинава).
И Иниеста истотака е време да си ја крене формата, мора да проработи, не игра во Дељадровци типот, за Барселона игра, има среќа шо слаба ни е клупата па нема кој да игра место него цело време инаку како е печен за на клупа годинава тоа е страшно нешто.

А утре Енрике мислам дека може да изненади со Бартра како штопер место Матје, Бускетс не верувам да игра од старт, кога не е потполно спремен.
 
la-camiseta-del-real-madrid-para-el-clasico.jpg


После натпреварот со Сити и дриблинзите на Меси.. Еве го дресот кој ќе го носат Мадриѓаните хаххахаха Добра фора од Мундо Депортиво :pos:
 
Ако е спремен Бускетс не верувам Лучо да го остави на клупа, иако според мене подобро е Маске да игра ДМФ, за екипи кои се брзи Маскерано е подобро решение моментално од Бускетс на таа позиција ...
 
Не верувам да го пушти стартер , уште сме под Масче импресии од Сити. Ќе влезе Буски некаде 70-75та да осети игра , сепак нема играно одреден период.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom