Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Да види темава некој ќе си речи 1-1 заврши мечот.. дај излуфтирајте се малце

Овој меч заврши, не чекаат други важни натпревари.

Дани ако го пропушта Ел Класико поради оваа глупост тогаш нека му дадат награда за најглупав играч.
Иако стартот реално не беше за црвен картон ама при таков резултат да ризикуваш е несфатливо.
 
Абе се успав, не ја изгледав, ама аман со коментариве 6 сме им дале, шо сакате вие...
И црвениот не мора да значи автоматски 2 меча суспензија, може да биде една, иако комотно може да се две, не е никаков проблем шо Дани нема да игра...
Битно се вративме на прво место, следно Еибар да видиме со нив како ќе е.
 
Иако стартот реално не беше за црвен картон ама при таков резултат да ризикуваш е несфатливо.

Не беше толку за стартот , колку шо беше поради тоа што беше последен играч во одбраната. Нема веза и да одмара , Адриано моментално е Меси за него , нема да се осеќа отсуство.

Адриано - Пике - Матје - Алба

И повеќе од доволно. :)
 
Сега во наредните денови, Спорт, Мундо Депортиво, Марка и АС ќе започнат во стилот на Курир/Прес24/Република и слични гомнарии да бараат примери од претходните сезони за тоа на колку утакмици треба да биде суспендиран Дани :D

Спорт: За вакви и слични ситуации, федерацијата во 2008ма на Трајко од Хетафе му одреди само 1 натпревар суспензија
Марка: Ќе биде скандал ако Дани не добие најмалку 3 натпревари, како што доби Петко од Гранада пред 2 сезони
МундоДепортиво: Се очекува само 1 натпревар суспензија, бидејќи бла бла бла...
АС: Виљарато! Федерацијата сака да му даде само 1 натпревар суспензија на Алвес, што би било срамота. Два натпревара би била реална казна.
 
Лично не ме плаши толку неиграњето на Дани колку играњето на Матје кој ми делува преспор. Изигра на почетокот неколку добри утакмици со просек тимчиња но против брза екипа како Реал мислам дека може неговата игра да биде погубна. У лошо време дојде повредата на Бускетс.
 
Матје на Ел Класикото ни беше најдобриот дефанзивец...проблемот беше шо мислам играше бек и во напад бевме многу слаби по таа страна. Инаку океј си беше.

Инаку: Lionel Messi has more league goals (15) in 2015 than Cristiano Ronaldo, Gareth Bale and Karim Benzema combined (13).
BBC најдобриот напад...
 
Каква утакмица, посебно во второто полувреме.. Суарез конечно почна да погодува што посебно ме радува.. се на се одличен меч, само уште не ми е јасна глупоста на Алвес кој при 5:0 иде на таков старт кој и реално не беше за црвен,но што е тука е.. да се надеваме дека само еден меч ќе биде суспендиран, ако не тука е Адриано за Ел Класико. Маскерано ако е на еден картон од суспензија, подобро би било против Еибар да стартуваме без класичен ДМ, јас на тој меч би почнал со Рафина,Чави,Иниеста/Ракитиќ.
 
Ајде малце со буткање рекорди :)

Меси со денешниот хет-трик избил на првото место на листата на играчи со најмногу хет-трика вкупно во сите конкуренции. Телмо Зара го држел рекордот со 31 а Меси со денешниот има веќе 32 хет-трика. Прв е и во Примера со 24-ри.
На 340 официјални настапи во дресот на Барса има 342 гола.
Единствен играч во историјата што во шест едно по друго сезони има постигнато над 40 гола.

:cuc:
 
Ваквите информации станаа секојдневие, веќе не се ни интересни, секоја информација за нов срушен рекорд од страна на Меси делува како клише реченица. :LOL:

Ете едно поинтересно малце :D

Messi has now scored a Liga hattrick in 5 consecutive months: Nov 2014, Dec 2014, Jan 2015, Feb 2015, Mar 2015
 
Сега во наредните денови, Спорт, Мундо Депортиво, Марка и АС ќе започнат во стилот на Курир/Прес24/Република и слични гомнарии да бараат примери од претходните сезони за тоа на колку утакмици треба да биде суспендиран Дани :D

Спорт: За вакви и слични ситуации, федерацијата во 2008ма на Трајко од Хетафе му одреди само 1 натпревар суспензија
Марка: Ќе биде скандал ако Дани не добие најмалку 3 натпревари, како што доби Петко од Гранада пред 2 сезони
МундоДепортиво: Се очекува само 1 натпревар суспензија, бидејќи бла бла бла...
АС: Виљарато! Федерацијата сака да му даде само 1 натпревар суспензија на Алвес, што би било срамота. Два натпревара би била реална казна.

Не брат. Знаеш шо е потрагично ? Коа ќе седниш на кафе со другари кои ти навиваат за Реал, пример утре. Е то е најнајтрагично. Од моја гледна точка нормално. :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom