Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Монтоја изгледа не му е на кеиф на Лучо. Само еднаш сезонава играше.
AMEN.gif
 
Не го следев првото...гледам Меси повторно одлична асистенција :cuc: Кажав во што прераснаа со Нејмар..Каква е играта? Уште колку гола му фалат на Меси за рекордот на Раул?
 
Meси и Нејмар ептен созреано дуо станаа. Речиси на секој натпревар и двајцата решетат.
Мило ми е што не се чека повеќе се на Меси, како во времето дури шпиц ни беше Санчез, кој рака на срце си го сакав како играч, ама не беше константен.
 
Добар меч одигравме денес,иако после двата постигнати гола уште во првиот дел,потоа и не се замараа повеќе играчите,барем мене така ми делуваше, што е и очекувано бидејќи во сабота не очекува дуелот со Реал и не се трошеа толку играчите на овој меч,се на се лесно освоени 3 бода.. и после овој меч можам само да заклучам а и искрено се надевам дека Пиќе нема да биде во првиот тим против Реал,бидејќи е навистана очаен и не знае кај се наоѓа.. јас мислам дека денес од сите кои беа на теренот он беше најлош:facepalm: .. Ако Бускец биде спремен за во Сабота јас би стартувал позади со Матје и Маскерано,е сега ако не е спремен Бускец, најверојатно ќе мора да го гледаме повторно Пиќе, иако не е исклучена можноста и Бартра да добие шанса позади заедно со Матје..
 
Натпреварот го пропуштив, кажете ми само Штеген како се покажа

Со нога беше добар, две нафрлени топки ги фати, една се сопна со Пике, единствениот шут кон голот го прими тоа, се на се му требаат повеќе минути во лигата за да си фати ритам. Мислам дека после Ел Класико, Енрике ќе му даде шанса и на Тер Штеген во лигашките натпревари, секако под претпоставката дека ќе прими гол Браво на Ел Класико.

Иначе Пике денеска ужасен, со оглед на тоа дека и не напаѓаа многу Ајакс. Не знаеше што со топката кога беше под притисок, доцнеше на стартови. Мислам дека си го зацементира местото на клупата за Ел Класико.

Суарез нека го пушти од почеток, Меси често играше десно денеска а Педро во средина, значи си подготвуваат терен за Суарез.
 
Колку е ова точно не знам ама на Тотал барса на твитер објавија дека Меси го чекал Луис Енрике на паркингот да зборуваат за причината за неговата замена.Иако мене не ми е ногу за верување.
B0gSM_RCMAANI7F.jpg:large
 
Колку е ова точно не знам ама на Тотал барса на твитер објавија дека Меси го чекал Луис Енрике на паркингот да зборуваат за причината за неговата замена.Иако мене не ми е ногу за верување.
B0gSM_RCMAANI7F.jpg:large

:pos:

PS, level amateur ...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom