Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе чекаме да имаме избори. Се додека оваа управа е на власт. Јас имам мала надеж за тимов, или за тимот од следна година. Избори, Доаѓа Лапорта и Пеп се враќа таму каде што му е местото
 
Не е битно кој ќе се донесе за тренер.. дали Енрике или некој друг... се додека оваа управа не си замине,повторно ќе го гледаме истото сценарио,дури и Пеп да го вратиме нема ништо да се смени,а сите знаеме и зашто си замина Пеп, кај нас тренерот нема некоја голема улога,што ќе му се рече тоа ќе треба да прави.. и се додека е оваа управа на чело на клубот за жал оваа ситуација нема да се промени..
 
znaci skoro sigurno doagja luis enrike
da pocekame da vidime vremeto sto ke kaze,kolku e dobar
 
Па 8мо место на 2 кола до крај во Примера и не е така лош дострел, со оглед на играчкиот кадар на Селта каде што главните играчи што доминираат се од школа на Ла Масиа и кои досега ниту еден од нив не добил посериозна шанса у А тимот. За неуспехот со Рома не сакам ништо да зборам, можеби и премногу се очекувало од него, а и реално преголем чекор е од тренер на Б тим во Сегунда да преминеш во тим со амбиции за ЛШ во Италија. Ќе видиме што ќе се дешава понатака, али ко за почеток се надевам дека на сите ќе ви даде барем мал знак на демант викендов против Реал.
Ако тоа е голем чекор каков чекор е Селта-Барса.. Ај ќе видиме, да не му зборуваме пред рака.
 
Луис Енрике НЕ е материјал за тренер на Барса. И следната сезона ќе ни биди срање како што оди работава, а на крај сезона повторно ќе сменуваме тренер. Станавме како Реал и Челси.
Да ве потсетам дека вака и за Пеп зборевте, не викајте пред време.
 
Ќе се зима напаѓач? Крило? Две крила?
 
Да ве потсетам дека вака и за Пеп зборевте, не викајте пред време.
Брат го знам Енрике уште одамна, како играч еден од милениците заради карактерот и тоа што го мразеше Реал со сета душа кога дојде во Барса, се сеќавам во панини албумот од 2002 ми беше единствен со од Барса дрес сликан, како да не го сакам.

Ама добро му ги знам можностите, беше во Барса Б, Рома и немаше ништо надвор од просечното. Барса Б ја промовира во повисок ранг ама имаше страшни играчи во Тијаго, Тељо, Рочина, Бартра, Муниеса, Рафиња, Куенка, Фонтас, Монтоја... Реално овие играчи тогаш не беа за во трета лига, па немаше тој направено некоја посебна работа. Во Рома беше флоп, купи многу играчи од кои најголем дел сега не се веќе таму. Во Селта не е лош, ама не е ни претерано добар, има играчи како Орељана, Чарлес, Нолито, Рафиња и ред други, класа тренер ќе се пласираше во Европа. А, мора да се признае дека играат квалитетен фудбал.

Пред се, против сум Енрике да ни биде тренер ради тоа што нема да биди некоја голема смена на клупа, ќе продолжиме со possession фудбал и кога треба и кога не треба, а тој ќе принуден да ја слуша управата која го донесла за многу работи бидејќи го нема тој авторитет на Пеп.

Од друга страна убаво велиш дека зборувавме лошо и за Пеп, ама тој беше лидер и тактичар уште додека беше играч.
 
Не ме прашувајте како го пронајдов, ама еве едно мое мислење од 2010та година:
Денот кога ќе си замине Гвардиола(само на хартија, во нашите срца ќе остане), а кој не сакам да биде во блиска иднина, не сакам да се трошат пари за некој 'странски' тренер. Би го посакал Тито Виланова(ако не си го зеде Пеп со него) или Луис Енрике.

*За оние кои живеат на Марс, да кажам дека во моментот првиот му е помошник на Пеп, а вториот е тренер на Барса Б. :)

И еве една точна прогноза на @gerard од пред 2 години:
http://on.net.mk/sportal/fudbal/kratka-rimska-avantura-za-luis-enrike

аха, супер. ок ајде луисе, седнувај до тито!
тешко дека ќе седне од прв тренер за помошник, ама тоа би било моја желба. мислам дека ќе преземе некој шпански прволигаш, и ќе биде прв во ред за наследник на тито. пеп, колку и да го посакувам назад, колку и да никогаш не велиме никогаш, мислам дека заврши со барселона. пособено начинот на кој се раздели
чудно како сите фудбалери во своите изјави беа самоуверени дека пеп ќе потпише.
него, а да... за луиз енрике зборев. нека се крчка, ќе дојде и неговото време во барса
 
Некако мислам дека Енрике ќе се усери кога ќе треба да го замени Меси на некоја утакмица за да го одмори или кога ќе треба да не го послуша Чави за некоја формација или тактика. Ај барем знае да се облекува убаво. :vozbud:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom