Гвардиола посочен за наследник на Сер Алекс Фергусон
Шпанскиот стратег Пеп Гвардиола има валиден договор со Барселона на уште една сезона, изминатото лето ги одби миланските клубови, а сега каталонските медиуми велат дека чека повик од „Олд Трафорд".
Медиумите наведуваат дека по отказот врачен на Леонардо, Милан го ангажирал супер агентот Енцо Бронѕети да му помогне да го доведе Гвардиола во Италија.
Бронѕети потоа се сретнал во Софија со агентот на Гвардиола и му ја презентирал понудата со договорот за преселба во Милан. По неколку дена стигнала и понудата од Интер, но Гвардиола ги одбил и двата клуба и и остана верен на Барса.
Сепак, не потпиша повеќегодишен договор и беше особено ладен на убедувањата на новиот претседател Росел дека тој е иднината на Каталонците.
Шпанската јавност смета дека Гвардиола сака да се пресели во Манчестер Јунајтед. Имено, некои доверливи извори говорат дека Сер Алекс особено го почитува Гвардиола, иако неодамна изјави дека би сакал искусен наследник.
Која е предноста на Гвардиола во однос на Мурињо?
Прво, фактот што е помалку темпераментен, има добар однос со медиумите, опуштен е и никогаш не користи тешки зборови, го прави доста впечатлив за „црвените ѓаволи“.
Потоа, неговиот поглед за фудбалската игра. То преферира усовршена пас игра, развој на фудбалери од сопствената школа, им дава шанси на млади играчи, што е филозофијата и на Манчестер Јунајтед.
Иако Фергусон не знае кога ќе се повлече, Гвардиола би можел некое време да мине и крај него, а потоа да ја преземе клупата на Јунајтед. Потсетуваме дека тренерот на Барса има само 39 години, и на пример, е само две години постар од сеуште активниот италијански напаѓач Филипо Инзаги.