Во медиумиве насекаде се спомнува дека Чави, Иниеста, Фабрегас ќе играат заедно. Тоа значи дека ќе проба Мартино како против Сосиедад на гости што повеќе да ја чува топката, што и го оправдувам оти Сити исто имаат потреба од посед и ако го немаат ( пример утакмицата со Баерн на Етихад ) се губат. Кој ќе игра во напад не се знае дали Алексис или Педро, еден од нив ќе трча ко будала и можеби тој еден од нив ќе го реши двомечот. Меси веројатно ќе игра и тој во средината повеќе, очекувам ваква постава.
Валдес, Дани, Пике, Маскерано, Алба, Бускетс, Чави, Иниеста, Фабрегас, Меси, Педро.
Во второ полувреме ги вадиме д биг ганс ( читај Нејмар и Алексис ) и одиме на победа, треба само успешно да се излезе од нивниот налет на почеток. Во одбраната не се сомневам, мислам дека се веќе далеку подобри од на почеток од сезона.
П.С. Ако им игра Демикелис биче фешта
