Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Ako odbranata na Barsa primi 1 gol,napadot treba da postigne 3.Taka da ne e kriva odbranata za denesniov poraz.Problemot e sto i sezonava so donesuvaneto na vtoriot Pele,ako ne igra Messi nema koj da postigne gol.
Па добро ама имаме многу различни стрелци оваа сезона не е дека само Меси дава голови, Роџер Санчез има исто како Меси, Педро и Секс имаат мислам по 5 така нешто.

Јас мислам дека денеска Бускец заедно со Пинто беа најдобри !
 
@BarcaNamul имаш преголеми очекувања од Нејмар. Не очекувај дека он ќе дрибла 4-5 играчи и во стилот на Меси индивидуално ќе заврши акција и ќе го матира противникот. Рано е за таков Нејмар. Овде е проблем во средината. Многу слабо игра оној триаголник Буски-Чави-Иниеста. Со повреден Меси, а без функционирање на оваа тројка џабе е и Нејмар и било кој.

Nemam pregolemi ocekuvana od nego,tuku da ja zavrsi rabotata za koja e platen i donesen.Ne ocekuvam da dribla 4-5 igraci i da postigne gol (toa ni na son ne go ocekuvam od nego) tuku da postigne golovi od cisti sansi kakvi sto imase vecerva i protiv Ajax.To e to,i pred mecov napisav deka treba da iskoristi takvi priliki,promasuva sansi sto ne mu licat na igrac koj e donesen za 60 M i pretendent da stane eden od najdobrite sa sezona dve...
 
Е ова ми се свиѓа кога губиме, активен е фан клубов :D
Инаку за утакмицата неможам да коментирам пошо малку ја гледав само нешто сакам да кажам. Кога не игра Меси мора да се игра со 3ца напаѓачи а не со Фабрегас. Денес требаше Педро на крило, а Нејмар место Меси. Како бе може Фабрегас да го играат шпиц 2 сезони не ми е јасно еј!
 
бускетс-чави-иниеста
5 години истото.
цело време ја кривиме одбраната, освен бускетс, кој од преостанатите, а да не се дефанзивната четворка игра одбрана?
нејамр и алексис можеби?? фабре 2 години силуван центарфор.
нејмар се откажа од улетувања во празно, на иниеста и чави на крај памет не им паѓа такво нешто.
тата нема сменето ништо. никаков новитет во ништо. она што нас ни се чини дека сме подирекни, тоа е бидејќи сме притиснати така да играме.
дисциплина никаква, секој еден на наша половина касни за еден чекор.

значи чави-иниеста-бускетс(секоја чест, секаде стига)... со фабре, алексис, и нејмар...очекуваме да бидеме стабилни во одбрана? 100% е кажано, одбраната не е само двајцата штопери.
најдобар и најсвеж пример е алонсо и реал. погледнете што се деси од кога он се врати.

пресингот трета година по ред го нема, го нема ни на 10 минути по утакмица, ги нема точните додавања, килер додавања, не пимплање, па дури и пимплањето е сведено на мизерија, останува да играме одбрана со состав каков што имаме, со дефанзивни карактеристики нула.

меси ќе се врати, ќе донесе голови, ама хаосот ќе остане. петта година е! мора нешто драстично да се смени. мене веќе не ми е возбудливо дури ни кога победуваме.
 
Е сега почнува интересното. Два натпревари со пораз, медиумски притисок, ќе видиме како Тата ќе се носи со тоа. Тешко се адаптираат Чави и Иниеста сезонава, не знам што е проблемот. Монтоја е исфорсиран непотребно, не гледам ништо во него со што би заслужил да игра. Нема свежина во Нејмар, Санчез и Педро. Кога Буски има лош ден, цела Барса е тапа.
Тоа го викам цело време!
 
Ма каков црни Нејмар...нема да биде никогаш како Меси.Сезонава оди одлично, тоа е факт, но овие порази кои дојдоа сега, а и оние кои ќе следат понатаму се поради тоа што не се засиливме на други клучни позиции. Замислете ова е истиот тим од лани. Кога на почетокот дојде Тата очекував нешто радикално, нешто што ќе влее надеж во секој од фудбалерите, но со текот на времето како и тој да се вклопува полека полека во она што го работеше Тито со Роура..Беше добро и тогаш, се додека не се појави Баерн. Според мене рано е да се зборува за криза, со оглед на тоа дека ни фалат клучни играчи. Приоритет би бил штопер во јануарскиот преоден рок, но треба да биде некој кој не играл во Лигата На Шампиони сезонава, за да може да настапува и таму.. Би сакал да видам и класична деветка но не верувам дека тоа ќе се случи. Уште од мигот кога се дозна за повредата повеќето од нас знаевме дека ова нема да биде лесен период, иако наголемо се зборуваше насекаде дека лесно ќе се справиме...Треба свежа крв, некој темперамент кој ќе може да ја дигне целата екипа, а Нејмар е премногу слабокрвен во моментов за такво нешто ххахахах :icon_lol:
 
За вечерва само Пинто и Бускетс имаат прелазна оцена, од мене.
Дефинитивно не можеме да играме против ваков стил на игра како што играше Билбао вечерва(посебно не без Меси). Да не се изразувам, ама против физички поспремни играчи, нашиве изгледаат како пи*ки. Слично беше против Баерн минатата сезона, сега вечерва беше можеби и полошо.
Иниеста, Бускетс, Чави, Фабрегас, Алексис, Нејмар... нема шанси да идат машки во дуел со еден Микел Рико, на пример... Одма паѓаат на земја.
Меси издржува по 4-5 волови(не играчи, волови по 1.90цм и 90 кг тежина) на грбот, без да падне и да бара фаул, ама скоро сите останати паѓаат во секој дуел.
Со таков пристап, немаме шанси против Атлетико, што се виде и во суперкупот пред 3 месеци.

Ај нека е за памет поразов, можеби ќе им дојде памет на управата(иако шансите се 0.5%).
 
Не можеме вината за овој пораз да ја бараме кај судијата,вината е кај самите играчи,каде што денес не изиграа ни 2% од тоа што го знаат и што го играа до сега во текот на сезоната,овој меч ме врати на мечот со Атлетико Мадрид во купот каде што не бевме лоши,туку бевме катастрофални,денешниот меч беше нешто слично на тоа.. катастрофа,и не треба да ја бараме вината кај поединци,како Монтоја и Иниеста.. туку вината треба да се бара во целиот тим.. и се додека продолжуваме на вакви мечеви со Фабрегас како лажна 9-ка и ако во Јануари не се донесе некој квалитетен штопер, за жал ќе гледаме уште многу вакви мечеви како денешниот до крајот на сезоната... сакам да кажам дека ако не донесеме некој штопер во Јануари, уште сега може да се откажаме од титулата во ЛШ, а за во Шпанија ќе биде многу тешко да се одбрани титулата од лани, до тогаш може да се надеваме дека на некој од управата на чело со росел ќе им текне дека треба да се донесе штопер во Јануари!!!
 
Кога Пинто ти е најдобар на утакмицата, јасно е колку е саатот...

Втор најдобар.
Најдобар беше Бускетс. А, тоа не е ништо ново, тоа е константно кога Меси не е на теренот, Буски е наш најдобар играч.

И не ми е јасно, стварно, еве поминаа 2 саата од завршувањето на натпреварот, како бе можеа да се глупираат последните минути, ни треба напад под итно, губиме 1-0, остануваат само неколку минутки игра, а ние наместо да гледаме напред кон голот на Билбао, Пике и Маскерано си подаваат со Пинто.
:pos:
 
Ни покажа Билбао како се игра пресинг 90 минути. Нормално удрија на најслабата точка - одбрана
Нивната одбрана беше на 50 метри од нашиот гол, што отвара простор за контра ама кој знае да искористи... и не ни треба стопер никако :mad:
 
Си треба свежа крв у тимов бе, и тоа не само у одбрана. Значи, стопер и еден у напад покрај голман кој мора нели да земеме. Фабрегас потхитно треба да се стави у средина, и никад више да не игра у напад! Доста више импровизации од време на Гвардиола! Купете го Левандовски, стави ги Меси и Нејмар по крила и завршена работа. Клупа Педро и Алексис, дај го Тељо, смени го Чави со Фабре, стопер (па можда и два), и готово. Вака ништо не правиме. Не заборавајте, Атлетик е тежок противник на домашен терен, ама тек идат Баерн и слични екипи...
 
Леле колку се напнати овие правите мадридисти....почнаа клиповите со играчите на Барса да ги ставаат на нивниот фан клуб :pos:.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom