Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Се играше добар фудбал, ама штета шо изгубивме. Топката за голот ние им ја подаривме на 25 метри од нашиот гол, Иниеста ми се чини. Тоа со Фабрегас како шпиц еднаш на 10 утакмици пали, така да поарно е Адама да игра од мидфилдер таму. Не можам да ги сфатам со составиве, не можам!!!
 
Е сега почнува интересното. Два натпревари со пораз, медиумски притисок, ќе видиме како Тата ќе се носи со тоа. Тешко се адаптираат Чави и Иниеста сезонава, не знам што е проблемот. Монтоја е исфорсиран непотребно, не гледам ништо во него со што би заслужил да игра. Нема свежина во Нејмар, Санчез и Педро. Кога Буски има лош ден, цела Барса е тапа.
 
Битно Барселона нема да купува во Јануари :rolleyes:
 
Сите по Иниеста загнавте одма, кај беше Цеск цел натпревар не ми е јасно, буквално не се виде.

[пасус за одбраната]

Реализација никаква! Тука се гледа отсуството на класичен напаѓач. Само сетете се на голот на Виља со лева, 3тиот при победата од 4:0 со Милан, во иста ситуација беше Нејмар, и тоа со десна, не сфаќам...
 
mi skurci ova tupenjevo stvarno.. pa tolku hrabrost da se nemat da napraet nekoj individualen potez, trgnite maski vo napad ne primi topka i vrati nazad
 
Не се разочарав многу освен на моменти од играта посебно од 60та до 80та минута бевме како Елче, не очекував победа денес.

Пишав и порано до денес имавме 100% успех во 2013та без Меси во Примера, небитен е натпреварот со Ајакс од пред некој ден. Туку наредната ќе биде многу сериозен тест со Виљареал кој игра феноменално слично на Атлетик.

Така е кога судиите ги оставија Реал во игра со поклони кога беа очајни !
 
Ako odbranata na Barsa primi 1 gol,napadot treba da postigne 3.Taka da ne e kriva odbranata za denesniov poraz.Problemot e sto i sezonava so donesuvaneto na vtoriot Pele,ako ne igra Messi nema koj da postigne gol.
 
Не растурија со пресингот во средината на теренот. Тука ја добија битката, а ако ја додадеме и анемичноста на нашиот напад тогаш јасно беше дека ќе беше бонус ако дојдевме до еден бод.

По поразот од Ајакс играчите и тренерот кажаа дека сега е време да реагираат ама тоа не го сфатиле сериозно, ама после овој пораз е баш сега е време да реагираат и да изиграт еден добар натпревар.

Ќе видиме како ќе биде, ако нема некое големо подобрување тогаш ќе знаеме бар дека во ЛШ воопшто да не се надеваме на полуфинале а не на трофеј!
 
@BarcaNamul имаш преголеми очекувања од Нејмар. Не очекувај дека он ќе дрибла 4-5 играчи и во стилот на Меси индивидуално ќе заврши акција и ќе го матира противникот. Рано е за таков Нејмар. Овде е проблем во средината. Многу слабо игра оној триаголник Буски-Чави-Иниеста. Со повреден Меси, а без функционирање на оваа тројка џабе е и Нејмар и било кој.
 
Иниеста денеска потврди дека не планира да игра фудбал, додека не потпише нов договор. Така да или нека му дадат што сака или нека го продаваат. Безвезе е ваков квалитетен играч да биде лево сметало на терен.
И стварно не знам од кај им е мислата, дека Фабрегас како напаѓач е добра идеја.

Глупости , најде Иниеста да го критикуваш ,Фабрегас беше изгубен во мечов и по не знам кој пат зошто Тата не сфаќа дека Иниеста , Чави и Фабрегас не можат заедно да играат .
--- надополнето: 1 декември 2013 во 23:13 ---
@BarcaNamul имаш преголеми очекувања од Нејмар. Не очекувај дека он ќе дрибла 4-5 играчи и во стилот на Меси индивидуално ќе заврши акција и ќе го матира противникот. Рано е за таков Нејмар. Овде е проблем во средината. Многу слабо игра оној триаголник Буски-Чави-Иниеста. Со повреден Меси, а без функционирање на оваа тројка џабе е и Нејмар и било кој.

Не функционира бидејќи од триаголник стана бесцелен четириаголник со вметнување на Фабрегас.
 
За поразов е крив целиот тим,не Нејмар,Маскерано,Монтоја или што ти знам јас.Делуваа сите млитаво и незаинтересирано.Судијата очигледно им беше наклонет на Баскијците,имаше ситни фаули за Барса кои не сакаше да ги види,за фаулот над Нејмар да не праам муабет,можеше комотно црвен да даде и на крај 3 мин. продолжение а имаше 4 замени и на тој слепецот 2 мин. му ја тегнеа ногата.Али нема везе,слаби бевме тоа е факт! Мислевме или пак се надевавме дека Нејмар може толку брзо да го замени Меси,но тој сега засега е светлосни години зад Меси.Зимски преоден рок да си земеме една класична 9 да не експериментираме многу, со Цесц во нападот против појаки екипи сме чист промашај.
 
Ма каква 9-ка , тоа сонувајте , јас се надевам ќе земат конечно ШТОПЕР !! да се врати Алба и да не ги гледам Маскерано и Монтоја.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom