Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Прв посериозен тест, да видиме дали може новата Барселона против бункер екипи...
 
Баш за вакви утакмици го купивме Нејмар. Педро и Тељо се доволно добри за послабите екипи.
 
Појма немам што толку му згрешивме на Виља за онака да слави, дупка беше цела сезона лани, затоа не играше. Против Хихон, Зарагоза и Валенсија не слави кога постигнува гол.:confused:


Такви се фудбалерите, зема милиони цела година повреден без утакмица ама ете се љути. Туку не ме загрижува како Виља се осеќа према Барса туку одбраната...во 2 потега ги решаваат. Меси повторно мора да се враќа, против бункери повторно без идеја и успех.
 
Очајно полувреме како од дуелот со Милан. Како да е малку шо се нервирам за нив па и за пари ги чекам 2ка
 
Не мрднавме цело полувреме. Ињеста и Алба посебно се крш.
 
Добра трансформација прави Атлетико, играа 4-5-1 кога топката е кај одбранбените на Барса, а идат на 5-4-1 кога тргнувате во напад...

Треба Нејмар и Фабрегас да го почнат второто полувреме...
Посебно, првиот, нели за вакви натпревари го купивте...
 
Прва посериозна екипа, со добра одбрана и екипа која ја студирала играта на Барса, и ете го резултатот. Никаква игра, средината не постои, истата прикаска од лани.
Против Барса не дал гол само тој што не пробал. Ќе сме освојувале ЛШ
 
Алба, Чави и Педро најслаби.
Чави веќе треба да игра против Леванте тимовите, за вакви тврди натпревари треба Фабрегас.
 
Забележавте ли како удвојуваат, утројуваат, Меси не можеше да мрдне. Плус тоа играат многу цврсто, на моменти и грубо и ја умртвуваат играта на средината. Се гледа дека Симеоне добро ја студирал играта на Барса.
 
Супер тактика на Чоло. Водството си го брани со агресивна игра и бркање дури на половина. Бускетс е отсечен, топка до Чави, Иниеста и Меси не стига. Одбраната виси, со ваков притисок ќе јадеме уште еден гол. Нејмар не може да игра прва не е адаптиран доволно. Како што е слаб на оваа агресивна игра ќе го утепаа сега. Ајде сега да го видиме Тата што потег ќе извади.

П.С Меси излезе влезе Фабре.
 
Реков јас Атлетико го има најдобриот тренер во Примера!
 
Фабрегас место Меси :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom