Ова ќе биде сезона на Сеск, Санчез and hopefully нa Маске. Верувам во него, ги има сите предиспозиции за одличен стопер. Борбен, одлични стартови, не се шета низ противничка половина, ја има онаа badass фаца и репутација за груб играч и не му е сеедно на еден напаѓач дали е во дуел со него или со Алба на пример. Не е Силва или Луиз, ама е одличен играч. Најмногу треба да работи на киксовите, а во тоа ни Пике не е ништо подобар. Најдобро е што кај Тата нема протекции, па ако забушава нема да размислува да го внеси Бартра, и мислам дека Маске нема да го дозволи тоа.