Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Искрено, јас сум задоволен што станаа шампиони во Примера последнава сезона. Оваа сезона со оглед на тоа што се' се случува во екипата (продавањето на Абидал, Тиаго, Виља..., повторната болест на Тито, нов тренер во 5 до 12, немање асален одбранбен играч, никакви подготовки), ќе бидам презадоволен ако освојат макар и 1 трофеј, каков и да било.
 
не се занесвајте бе, пак го имаме најсилниот состав во светот, на 3 титули ќе се атакува
 
Искрено, јас сум задоволен што станаа шампиони во Примера последнава сезона.
И јас, ама начинот на кој испаднавме од Реал во Куп и посебно од Баерн во Лига на Шампиони остава горчлив вкус !
 
Иначе ако сакате да ви помине нервозата за одбранбениот играч, мислете малку низ какви времиња поминуваат фановите на Интер, Милан, Арсенал и со какви се играчи мислат да ја почнат сезоната

Арсенал, Милан и Интер немаат моментално златна генерација во тимот. Росел им ги троши годините од кариерите на Ињеста, Меси, Чави... со неговата неспособност.
 
Тата Мартино е само една марионетка на Росел, ништо друго. Затоа и потпишавме со анонимус за тренер. Да беше некоја светска класа на тренер, немаше да се согласи на политиката која ја води Росел во однос на одбраната. Светски тренер бара светска екипа, и да не се лажеме, оваа Барса е преполовена. Од таа екипа која ги освои сите 6 титули остана многу малку, и јас искрено не ги гледам на врвот на Европа следните неколку години. Кога одбраната се базира на еден зелен Пике, и престарениот Пујол очекувајте да не отворат како конзерва кога ќе дојдат оние посериозни екипи како Баерн, Дортмунд, Реал...Па видете ја минатата сезона, Ди Мариа, Роналдо, Рибери, Робен, Милер..сите буквално се шетаа во нашиот шеснаесетник.. Кога на тоа ќе ги додадеме и прекините...Навистина не знам која е причината за оваа тврдоглавост на која и нема крај. Знам дека тоа мене и вас ќе не чини многу нерви хаха. Едно е јасно, Меси и Нејмар не се доволни сами против цела Европа. Нека е со среќа новата сезона, која поради оваа ситуација во клубот, не ја очекувам со нетрпение
 
Арсенал, Милан и Интер немаат моментално златна генерација во тимот. Росел им ги троши годините од кариерите на Ињеста, Меси, Чави... со неговата неспособност.
Што им ги троши, кога имаат освоено милион трофеи. Се читате ли што пишувате? Среќни ќе биле, ако се освои било каква титула. Мислиш Шумуликовски ни ја држи средината и Мирко Ивановски во напад.
 
Martino: "We have Puyi, Pique, Mascherano, Bartra, even Adriano. If there's an injury, January transfer window is only a few months away.

Најкатастрофалниот преоден рок до сега, продадовме повеќе отоколку што купивме..Не е чудо што Пеп рече дека Баерн е многу поинтелигентен клуб од Барселона.. На здравје новата сезона
 
images


A што ќе биде ако ова биде една од најдобрите сезони на капитенот ? Не гледајте толку писимистички на работите .... СРЕЌНА НОВА СЕЗОНА, ИДЕМЕ НА ТРОЈНА !!! VISCA <3
 
images


A што ќе биде ако ова биде една од најдобрите сезони на капитенот ? Не гледајте толку писимистички на работите .... СРЕЌНА НОВА СЕЗОНА, ИДЕМЕ НА ТРОЈНА !!! VISCA <3


Неговото одамна помина, тој е веќе истрошен коњ..Нормално, на мотивационо ниво очекувам да биде супер како и секогаш, и тоа е едно од важните прашања во нашата екипа. Но, да се носи со напаѓачи кои се во топ форма, особено во лига на шампиони, мислам дека годините и повредите ќе го спречат...колку и да има волја во него. Пујол веќе не може да биде стандарден првотимец и да ја одигра цела сезона во топ форма. Цврсто стојам зад овој став, кој е повеќе реалистичен, отколку песимистичен
 
Абе искулирајте, ако им тргне на овие у нападот, не ни треба одбрана :cool: :D
 
Ќе биде интересно. Оптимист сум дека може да ја освоиме Ла Лига. Не очекува докажување на Тата, посебно во елиминациите во ЛШ, како ќе се покаже во моментите кога ќе паднеме во форма, тактички надмудрувања над големите екипи и тренери и адаптација на Нејмар во тимот. За ЛШ не сум толку оптимист. Пујол нека е жив и здрав и нека биде се ок со него. Сакам Бањак да ни е откритие годинава. Не сакам да го гледам таму Маске. Ќе биде жестока конкуренција во средината. Очекувам оваа сезона Санчез да доминира, со тоа ќе го поттикне Педро да се труди повеќе. Фабре мора да добива повеќе шанса, Чави да одмара и да не го цедат на сите фронтови. Се надевам дека доаѓањето на Нејмар ќе помогне да против бункер екипи, со што ќе се шири играта и ќе се добива повеќе шанси за гол.

Останува да се радуваме на крај на сезона. Visca el Barca!!!
 
Единствен начин да пукни тиквата врз Росел е вечерва да не прекапат Леванте со солидни 0:3, да го донесат тој ебен стопер па макар и од некое бачило во Мозамбик. Наидов на информација дека ПСЖ поставиле цена од 10м за Сако. Ако ова е официјално тоа е сосема реална цена за него.
Како шета на улица Росел со олку огорчени фанови на грб не ми е јасно..
 
Ајмоо, вечерва почнуваме. Започнува сезоната во која најголемиот број фанови имаат најмали очекувања. Тоа е нормално, кога се разгледаат сите околности под кои ја почнуваме сезоната. Тито на неколку седмици пред почетокот на сезоната се повлече, баравме нов тренер, позицијата штопер не ни е засилена, благодарение на претседателот кој доби најголема подршка во историјата и неговата десна рака, спортскиот директор Зубизарета.
За новата сезона сакам да ја одбраниме титулата во Ла Лига, да се бориме до крај во Копа дел Реј, без калкулирање и нормално САКАМ да ја освоиме ЛШ(доколку не ја освоиме, да отпаднеме во рамноправна битка и по можност од подобар противник, како Баерн минатата сезона, за да не ми биде мака кога ќе не исфрли некоја екипа како Челзи).

Составот кој сакам да го видам вечерва, а нормално сакам да биде и стартен состав сезонава е:

Валдес​
Дани - Пике - Пујол - Алба​
Бускетс​
Чави - Иниеста​
Цеск​
Меси - Санчез​
или

Валдес​
Дани - Пике - Пујол - Алба​
Бускетс​
Фабрегас - Иниеста​
Педро - Меси - Санчез​
со постепено вклучување на Нејмар, кој на почетокот ќе влегува од клупа додека целосно не се воигра во системот и играта на Барса.

VISCA EL BARCA, нека ни е со СРЕЌА сезонава и да ја ВРАТИМЕ ДОМИНАЦИЈАТА и продолжиме таму каде што застанавме!
 
Мислиш нема да игра кловнот од 1мин ?

Мора да се стартува со победа, ете јас ја пишав 4+ само тој коефициент вредеше да се игра !
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom