Ајмоо, вечерва почнуваме. Започнува сезоната во која најголемиот број фанови имаат најмали очекувања. Тоа е нормално, кога се разгледаат сите околности под кои ја почнуваме сезоната. Тито на неколку седмици пред почетокот на сезоната се повлече, баравме нов тренер, позицијата штопер не ни е засилена, благодарение на претседателот кој доби најголема подршка во историјата и неговата десна рака, спортскиот директор Зубизарета.
За новата сезона сакам да ја одбраниме титулата во Ла Лига, да се бориме до крај во Копа дел Реј, без калкулирање и нормално САКАМ да ја освоиме ЛШ(доколку не ја освоиме, да отпаднеме во рамноправна битка и по можност од подобар противник, како Баерн минатата сезона, за да не ми биде мака кога ќе не исфрли некоја екипа како Челзи).
Составот кој сакам да го видам вечерва, а нормално сакам да биде и стартен состав сезонава е:
Валдес
Дани - Пике - Пујол - Алба
Бускетс
Чави - Иниеста
Цеск
Меси - Санчез
или
Валдес
Дани - Пике - Пујол - Алба
Бускетс
Фабрегас - Иниеста
Педро - Меси - Санчез
со постепено вклучување на Нејмар, кој на почетокот ќе влегува од клупа додека целосно не се воигра во системот и играта на Барса.
VISCA EL BARCA, нека ни е со СРЕЌА сезонава и да ја ВРАТИМЕ ДОМИНАЦИЈАТА и продолжиме таму каде што застанавме!