Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Дечкото што има 21 година и е еден од понадежните голмани во Германија. :) Не за друго, дека бевте поврзувани со него, затоа го спомнав.

Според пишувањата, планот е догодина да се земат и Тер Штеген и Реина.
 
Наводно Тата сакал да го донесе Сантиаго Вергини,24 годишен дефанзивец од неговиот поранешен тим.Висок е 1.91 и неговата цена би била околу 1 милион.Јас лично немам ништо против да го земеме,а и според видеово ми делува доста добар.
П.с.Марадона,Кројф па и Лапорта изјавија дека Тата е идеален за Барса,се надевам дека се во право ;)

Овој ти е Ball Playing Defender, каков што ни е Пике. Мислам дека ни треба некој како Пујол.
Управата му дозволила на Тата да внесе нови имиња во листата за потенцијален ЦБ. Според моменталната состојба на пазарот подобро решение од Агер нема.
 
Со среќа обидот за потпишување на Агер...
 
Тата-мата Мартино пристигна во Барселона!
971162_624862157538656_1559058065_n.jpg


Иначе, типот е толку забеган што после отпаѓањето на неговиот Њуелс од Копа Либертадорес(кога и завршил со работата како тренер на клубот), примил група на навивачи на Њуелс во неговата куќа, дома, кои сакале да се фотографираат со него.:vozbud:
Еве и видео о настанот:
 
Слабо, а?

Пошто „нашите медиуми“ ни мачкаат очи дека за 15 милиони ќе го пуштеле Ливерпул.


Човекот истетовира YNWA на прстите, пред да го потпише новиот договор...
Ако има некоја хиерархија на лојалност кон Ливерпул, прв е Џерард, Агер е втор...

Он вика дека нема намера да го напушти Ливерпул, се дур клубот не го побара тоа од него...

15 милиони, мислам дека не е ни приближна цифра за негов трансфер...

Вертонген би бил идеално решение, зашто е технички поткован ЦБ...
 
Човекот истетовира YNWA на прстите, пред да го потпише новиот договор...
Ако има некоја хиерархија на лојалност кон Ливерпул, прв е Џерард, Агер е втор...

Он вика дека нема намера да го напушти Ливерпул, се дур клубот не го побара тоа од него...

15 милиони, мислам дека не е ни приближна цифра за негов трансфер...

Вертонген би бил идеално решение, зашто е технички поткован ЦБ...

Нас не ни треба толку технички поткован ЦБ. Го имаме Пиќе за да ја вади топката од одбрана кон напад.


Ни треба некој што е добар во воздух, брз и најважно од се е да има одлично позиционирање. Не е на одмет ако знае да подава ама не е ни приоритет.

Тијаго Силва е перфектен. Втор е Компани. Давид Луиз би бил катастрофа со оглед дека позиционирањето му е полошо и од Пиќе, а Вертонген баш и не сум го гледал премногу ама не ми личи нешто на многу брз.

Да сум на местото на Тата би го потпишал Неста од Монтреал сега и би го ротирал со Пујол, па да видат моменталниве одбранбени играчи што значи тактичка дисциплина и интелегентно позиционирање.
 
Не мора да значи , јас ќе бидам задоволен да се донесе некој штопер , ама штопер не ДФМ, конечно на некого да му текне . (y)

Не е работава потпиши некој ради реда па шта буде нека буде. Пробаа така со Чигрински не бива. Ни треба искуство, треба некој што има изиграно јаки утакмици, а не анонимци од Аргентина/Бразил. На Пике му треба некој стабилен, за и Пике самиот да биде стабилен тоа веќе го заклучивме, дека Пике игра добро кога другиот штопер до него игра добро.
 
Lucifer Sam Баш сето тоа што го наброја го има Вертонген.Брз,добар во водушните дуели и има одлично позиционирање.Плус одлично додава,типот може да игра лев бек па и десен. Не за џабе беше најдобриот штопер оваа сезона во БПЛ.
 
Нема да вервате ама ситуацијата е толку голема со шифрата новиот фудбалски играч на Барселона "Neymar" беше клаен да игра само заради шифра "Neymar = НЕ Yugoslavia МАкедонија гРррррррр" поврзете ги големите букви, гррр зборот значи љути значи да не се лутат и е напад од надворешните оти "Р = Replenish" од нив напаѓат да не сме 'пополнети" јас ниту следам фудбал сега само шо го гледав на телевизија и ми се откри пред да го изклучат, претераја со шифрите светот треба ова да го запри јас страдам тие уште шифри нови почетоци прат.
Имате поздрав од газда пари.:pipi:
 
Слабо, а?

Пошто „нашите медиуми“ ни мачкаат очи дека за 15 милиони ќе го пуштеле Ливерпул.


Покрај тетоважата и лојалноста. Агер е број 1 во одбрана кај нас, плус официјално е и заменик капитен од годинава. Така да, чисто се сомневам дека ќе замине доколку тоа клубот не го побара од него, баш како што и ти напиша Видук.
 

Тата ми остави впечаток како многу харизматичен, смирен човек, директен во одговорите, комуникативен..... После ќе ги пренесам и одговорите на прашањата на прес-конференцијата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom