Според мене има три клучни предизвици кои што Тата мора да ги оствари за да се смета за успех оваа сезона:
- Да му најде улога на Нејмар.
- Конечно да му најде улога на Цеск. Чави ќе мора да игра многу помалку од оваа година, а Цеск нема никогаш да биде ист играч како Чави. Му треба добро дефинирана улога и мали модификации на целиот систем за да се искористат неговите силни страни.
- Да воспостави било каков ред во одбраната.
Од тоа што го слушам последниве денови како негови идеи по весниците, искрено, сум импресиониран од размислувањето.
Прво,
Сака Меси да игра поблиску до шеснаесетникот. Многу важно од два аспекти:
- Му дозволува на Меси да има поголема улога во пресингот затоа што не мора да истрча 40+ метри секогаш кога ќе ја добие топката. Што значи има повеќе енергија да трча кога ја нема топката. Секако дека Меси ќе помага во креирањето на играта пак.
- Самото тоа што Меси не се враќа скоро до својата половина отвара место за Фабрегас да го користи тој простор. Претходните две сезони Фабрегас мака мачеше да добие доволно простор за да може да ја игра неговата игра. Секогаш кога ќе добиеше простор играше прилично добро.
Второ,
играта мора да биде подиректна. Пак нешто со што Фабрегас може многу да помогне. Играта на Фабрегас е многу подиректна од таа на Чави и Ињеста. Средно долгите пасови му се специјалност. Често кога Чави и Ињеста би одбрале хоризонтален пас или враќање на топката назад, Фабрегас би ја подал топката вертикално кон нападот. Лани тоа често беше проблем, затоа што Меси беше чуван од 2335453 играчи, а Педро и Санчез беа како евнуси во харем - безопасни. Секој негов пас беше изгубен. Оваа година, со Нејмар во нападот, директноста ќе ни дојде многу добро.
Клучното тука е да му се помогне на Санчез да продолжи да игра како што играше на крајот на ланската сезона т.е. да се поставува во опасни позиции за противничкиот гол, а не само да трча по крило како мува без глава. Со тоа ќе имаме комплетно функционален напад што ќе врши пресинг, ќе биде добар во контра напади, а со шутот на Нејмар добар и против бункери.
Како и да е, Фабрегас изгледа го спремаат да биде прилично важен за следната година. Јунајтед ќе мора да бара трета опција после Тијаго и Цеск. Moжда можеме да им го дадеме Џонатан Дос Сантос...
Трето,
одбраната мора да се среди. Ама пред да се купи бек џабе збориме што може да се направи. Многу зависи од тоа кого ќе донесат Росел и Зуби.