- Член од
- 11 јули 2011
- Мислења
- 1.727
- Поени од реакции
- 1.998
Радио Марка викаат дека стигнала многу голема понуда за Педро. Доволно голема за да не биде одбиена од прва. Можно е да е од ПСЖ или Монако!
И за крај еве ви едно клипче од Нејмар. Малку се преценува и прави лоши проценки за тоа колку простор има ама да му закачиш таков гол на Ноер значи нешто.
Искрено некако не ми се верува дека ќе продадат Педро, не знам зошто... Најверојатно пошто се навикнав на него... Или па ако го продадат сигурно ќе стават некоја опција да може да си го вратат... Ама кога ќе видиме Педро не е повеќе тој Педро што беше од времето на Гвардиола, има направено многу за Барса да, иако е млад уште ама со доаѓањево на Нејмар, и со падот во неговата форма мислам дека добра понуда не би требало да се одбие...
За Нејмар некако уште ми е многу чудно, онака на него се имам навикнато само како на играч што игра во Бразил, чудно ми е да го замислам во Барса, ама мислам дека ќе се покаже навистина многу добро и дека уште од 1 вата сезона ќе ги врати парите што ги дале Барса за него.. Иначе многу е јак голот, онака без многу залет, од надвор од шеснаесетник и тоа не на било кого туку на Ноер... Одвај чекам да го видам во дресот на Барса...
