Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Меси мора да одмора против Селта,затоа што тој со Маскерно заедно ќе патуваат најмногу од сите,плус вториот меч го играат во Боливија каде секогаш е тешко за играње поради височината !Нека игра против Селта само ако е потребно последните 30 минути...
Воопшто не е потребно. И да губиме 5-0 од Селта, не мора да влегува Меси. Можеме да си дозволиме неколку киксови во Ла Лига.
 
Нејмар: "Кој не би сакал да игра покрај Меси, Иниеста и Чави? Тие се големи играчи!"

Според мене Нејмар е тотално непотребна роба(а и не верувам дека би се вклопил во Барса системот).Моментално управата треба да се насочи кон одбраната(Пујол е веќе стар,Пике е месечар,Маске и Сонг не ми се најверодостојна дефанзивна линија).Треба да се земе некој силен дефанзивец од типот на Вертогнен,Вермален(иако сезонава е катастрофа,сепак лежи талент во него),Силва...
 
Абе какво одмарање против Селта. Има рекорд за израмнување таму :)
What Ronaldo can do, Messi can do better.



шала, не ме напаѓајте одма.
 
Воопшто не е потребно. И да губиме 5-0 од Селта, не мора да влегува Меси. Можеме да си дозволиме неколку киксови во Ла Лига.
Сеуште е рано за да се дозволи таква ситуација.Имаме меч против Атлетико на гости,Билбао на гости,Еспањол на гости и некои други потешки мечеви,така да не е време за рафрлање на бодови !
 
Дечки , многу ни е досаден фан клубов дај да го размрдаме малку . Еве на пример секој може да каже по некој збор за својот омилен клуб , кој ви е омилен играч , топ 3 играчи , 3 омилени голови , од кога навивате за клубот и зошто , дали сте следеле некој натпревар во живо и сл .

Еве јас ќе пишам прв , па после кој сака нека продолжи .
1. Омилен играч ...........................................Дани Алвес

2. Топ 3 играчи .......................... 1 .Меси 2. Роналдињо 3. Ривалдо

3. Омилени голови .........................на Иниеста против Челзи , на Ривалдо со ножички против Валенсија , на Белети во финалето против Арсенал

4. Навивам од 96 година , најмногу заради феноменот Роналдо , и бидејќи прв дрес што ми го купи татко ми беше од Барса

5. Натпревар во живо 2006 година Левски - Барселона
 
А овие муабет за летоска да ги оставите, сега пак колку-толку се дешава нешто :)
Ми здосади веќе да читам дека Санчез врска нема , дека Виља е цар , дека ќе доаѓа Нејмар , дека ни треба централен дефанзивец , дека Фабрегас не е во форма и сл :icon_mrgr:
 
Абе поарно да е "досаден" отколку да се караме и пцуеме :D
Инаку...омилен играч...Ривалдо, топ 3 играчи...Меси, Ривалдо и Роналдињо (може да ја проширам листата до 5...Гвардиола и Стоичков морав да ги спомнам)
Омилен гол се разбира Иниеста со Челзи, Роналдињо со Челзи и Ривалдо против Валенсија (ножички), има и други ама на овие ми текнува прво.
Навивам од 92 а поим немам зошто :D, не сум размислувал на таа тема...фактори сигурно има доста...ама ме мрзи да пишувам за тоа :)
Натпревар во живо сеуште не сум гледал, ама сум го посетил Ноу Камп во 2011 и го видов музејот на Барса. Ептен е добар, ги има и златните топки на сите што ги освоиле, дресови, пехари, фотографии..и што уште не..
Тоа на кратко. :)
 
Никогаш не е досадно со Барса, секогаш има информации.
Валдес го доби Zamora трофејот за најдобар голман минатата сезона.
480055_463870130352125_1007334390_n.jpg


Абидал играл на пријателска на Барса Б со францускиот второлигаш Истрес.
Касано својот син си го крстил Лионел во чест на Меси.:)
 
Дај соберејте некое денарче да одам на некој меч во Барселона,па ќе ви раскажам како поминав и како било таму,да не ви биде досадно во фан клубов:icon_lol:
 
пошто викате досадно ви било еве една тема... наидов на сликата на еден форум, дефинитивно провокативна, шо викате?

104pvrs.jpg
 
Сите се легенди, нема збор тука, ама класите се малку помешани.
Иниеста класа погоре.
И првите тројца од втората, класа погоре.
Ето, Турам и Давидс не се во иста класа со Раул, Фиго, Пирло, Кан, Гигс, Карлос..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom