Не сакам да изигрувам којзнае каков фудбалски стручњак..Го кажувам само она што го гледам...Мислам дека треба да им се честита и на Милан и на Реал Мадрид поради прикажаната игра, која ќе се согласите беше навистина машка..Во целата оваа ситуација единствено се прашувам каде замина онаа борбеност, онаа машкост од времето на Пеп..Како полека тој жар да згасна со текот на времето..Не би жалел да изгубиме па макар и 5-0, но со машка игра, со срце..Сите делуваат некако јалово, безидејно..Само мал број на луѓе ги знаат вистинските причини за тоа, и нормално не се сомневам- Пеп. Она што мене ми фали е борбеноста на Меси (да, тој сега е поискусен и позрел играч) ми фали неговата пожртвуваност, неговото Never dive,сета онаа детска наивност по која сите го препознававме..тој се промени и тоа е факт...фали харизматичност на клупата, фали авторитет...и секако стабилна одбрана, бековите се премногу истурени напред, па одбраната останува да виси на расеаниот Пике и веќе престарениот Пујол..Се надевам дека Виља ќе го започне натпреварот против Милан..Тоа е единствената шанса да се спаси нешто сезонава..Во Ла Лига сме на врвот поради одличната полусезона, но во таа полусезона не одигравме против којзнае каква голема екипа..Нашата игра е научена, секој тим веќе знае каде ќе подаде Меси, каде ќе игра Иниеста, каде ќе се движи Алвес..И тие екипи не прикажуваат којзнае каква игра, но рецептот да се победи Барса е еден...исто како и нашиот план за кој немаме резервен.. И најмногу можеби иритира фактот дека Тито се плаши да превземе ризичен потег..Не го обвинувам Роура, сигурно е претешка неговата задача, наследи голем тим..Се на се, треба еден голем одмор..сезонава во Ла Лига мислам дека е и готова..она што може да се спаси нека се спаси...а останатото полека може да влегува во историјата.. После овој удар тешко дека ќе се издигнеме, но треба да сме со кренати глави...Барса е посебна, дури и кога губи целиот свет слави..Тоа само по себе зборува за нејзината големина..И тоа знам дека еден ден ќе го признаат и Мурињо и сите кои некогаш ги оспорувале нејзините успеси..Многу среќа понатаму, и нека овие тешки денови станат минато..Срдечен поздрав! VISCA EL BARCA!!!!