реално ако збориме фудбалерите се луѓе како нас, победуваат и губат. нема супер-луѓе.
друго, прв пораз во купот...еден пораз во лига, два пораза во лш. маката наша е во високиот стандард кој го наметнаа самите играчи....победи, победи, победи....трофеи...
дајте да бидеме реални, не знам тито колку добра конекција имал на скајп...без разлика, за мене дуелот беше мамли-мурињо. мислам...да, никој овде не го сака мурињо, ама само како звучи, мамли-мурињо?! неќам да го омаловажувам, ама мамли е стратег колку што секој од нас овде.
друга работа, многу битна, што излгеува на виделина, можеби сите потајно го осеќаме со заминувањето на пеп, а тоа е - нешто има, нешто не е ко што треба, има некаква си политика. пеп не замина среќен, сечам глава. има многу политика, премногу недисциплина, најмногу изразена преку алвес, и преголема толеранција. пеп веќе е јасно дека сакаше да го дисциплнира пике, не му беше дозволено, а се спомнуваше и трансфер. пујол е срце, ама зошто да премижуваме кога голови одат на негова душа, а сите знаеме на крст да го ставиме кога ќе згреши маскерано?
играта на барса не е прочитана, играта на барса е само една. нема што да се чита. единствен начин да се надмудри противникот е со ротација на играчите, значи различна позиција, различен играч со различни карактеристики. јас не видов ротација сезонава. пеп беше мајстор за ротација.
друг момент. како можеме да примиме гол во 12та минута, од контра (ок, пенал) ?? имаме резултат, уште е почеток...ни праат контра со две рогања, пике и роналдо трчаат еден на еден од средина на терен. кога го видовме контреаро еднаш надвор од позиција? има право мурињо кога им оди против сите - има да играш јас кај што ќе ти кажам! вториот гол, едно рогање од средина на терен ди мариа и пујол трчаат еден на еден. абе немој да ме јебеш. што може да биде тоа освен гол? што може да е тоа освен недисциплина?
ширење на игра? пеп се сеќавам, за педро кога збореше мислам, вика не ми треба во игра, само нека стои до аут линија, таму го сакам! сега играме со иниеста формациски крило, а обожава да е во средина, со цеск, со бускетс, со чави и меси во средина, без центарфор класичен.
тоа е тоа што боли, наивноста, тврдоглавоста, недисциплината.
се на се, во ред е купот да се изгуби, сезоната има уште, и да се помине милан има уште 5 утакмици до трофејот. така да, можна е двојна круна, само се плашам да не останеме со една, а и таа да го изгуби сјајот на крај.
100 пати сум рекол, пак ќе речам. ни треба муж во екипа. маж, како гарет бејл, а не уште едно петле како нејмар. ни треба германска дисциплина позади.
сепак, само се луѓе.
убаво е да се види како се гушкаат сите после класико, ама тоа се случува за жал само кога ние губиме. треба на научат нешто од нас.