Филе претера со се, пред се со критиките кон Тито Виланова .... Тито според мене не е виновникот за ситната повреда на Меси, бидејќи тоа може да се случи секогаш дури и на тренинг .... Замислата на Тито веројатно беше да стартува без Лео па ако не оди да го уфрли во игра ... Тоа и го стори, Меси не влегува прв пат од клупа на натпревари небитни како што беше со Бенфика и обично кога влегува , секогаш погодува .....
Од целата ,, философија " на Филе, најмногу ми е смешен делот со Пеп .... По прашање на новинарите дали Тито комуницира со Пеп , Тито одговорил дека тоа не е нивна работа и дека тоа е негов проблем, шо е сосема нормално .... Пеп не бил на ниту една утакмица од кога го напуштил клубот .... Пеп јавно кажа дека сака да одмори од фудбалот што има овде нејасно не знам .... Веројатно и самиот Филе не знае .... Досега го читав секој статус, го ценев и веројатно сеуште го ценам тоа што е навивач на Барселона и шо ни ги пренесува информациите од ,, прва рака'', но овој пат ПРЕТЕРА во вистинска смисла на зборот ....