Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Најважното од целата оваа ситуација е дека Пеп ниту играчите не му обрнуваат внимание на Мурињо.

П.С. И после Бускетс глумел.:vozbud:
 
Честито осумтарда! Е оваа Барса сакам да ја гледам.
Да не се заебава кога има предност од 1 или 2 гола, туку да го толчи противникот, да не знае каде се наоѓа. Се надевам Пеп им одржал убава лекција и убаво си ја научиле.
 
Дечки ја ве напуштам на некое време, од викенд на викенд ќе ве читам, барем додека не ставам интернет во Скопје.
Значи во среда одиме на победа, заедно со Атлетико Мадрид едно од најтешките гостувања за нас, ама лани успеавме да го преживееме, а после осмицава (јес да беше против Осасуна, ама осмица си е осмица) сум уште посигурен дека ќе успееме да ја победиме Валенсија, особено ако играме со Пике и Пујол назад, оти да бидеме реални, Солдадо е страшен.
Ако успееме да го запреме Солдадо, мислам дека ќе успееме да им пикнеме барем 2.
 
^ Ставај интернет побргу таму, фан-клубот не е истото без тебе. :P

Иначе Пике денеска тренирал заедно со остатокот од групата. Веројатно ќе може во средата, уште од првата минута да заигра на Местаља.
Според Спорт, Барса го следи дефанзивецот Гери Кејхил од Болтон. Ама, Пеп рече дека за оваа сезона нема да се купува дефензивец, а кога тој ќе рече, мора така да биде. :D
 
Не верувам дека ќе ризикува од прва минута со него. Мислам дека Пујол и Маскерано ке бидат одбрамбениот тандем.
 
Сакам Пике што поскоро да се врати...ми се лоши кога Бускец игра како стопер..
 
пујол-маскерано супер тандем е во одбрана незнам што се буните, солдадо нема да мрдни
само прашање е колку голови ќе му дајме, јас велам 5
 
пујол-маскерано супер тандем е во одбрана незнам што се буните, солдадо нема да мрдни
само прашање е колку голови ќе му дајме, јас велам 5
Од 2 гола разлика повеќе нема да ги тепаме ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom