Капитенот на англискиот премиерлигаш Арсенал, Францеск Фабрегас, сака конечно да ги оствари соништата и да се врати во Барселона.
Каталонскиот фудбалер е подготвен да се лиши од износот кој секој играч го добива при трансфер за да ја олесни реализацијата на неговиот ангажман, пишува весникот „Спорт“, а станува збор за 15 проценти од сумата за трансфер.
На пример, ако првата понуда на „сино-црвените“ беше прифатена, стануваше збор за 5,25 милиони евра.
Токму овие милиони кои по правило ги зема играчот, можат да бидат клучни при остварувањето на неговиот трансфер во Барса. На сличен начин беше олеснето преминувањето на Хавиер Маскерано на Камп Ноу.