Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Среќен роденден цару, се најдобро во животот.
Во врска со трансфериве, Арсенал одбил понуда за Фабрегас вредна околу 30 милиони евра, а Росел неодамна изјави дека не вредел 40 милиони па ако не го дадат за помалце ништо излеа а и да ве прашам ако дојде Цеск кој ќе иде на клупа кажете ми .. Чави? Иниеста? Бускетс? така да поарно нека не иде ќе си го земеме или Санчез или пак Роси во замена за Бојан и нека тераат после ..
Инаку на 23 јули на Пољуд играме пријателска со Хајдук па ако е некој од вас во можност може да го глеа најдобриот фудбалски клуб на светот.

VISCA BARCA!
 
Среќен Ви роденден, Господине број 1 во фудбалот! Се најдобро, на професионален и приватен план.

А, шта се Фабрегаса тиче, ние ни лани не дававме повеќе од 30 милиони, а Росељ пред некој ден изјави дека Фабрегас сега вреди помалку од лани. Ако Арсенал не ја намалат цената, РЕАЛНО НЕ ГО ОЧЕКУВАЈТЕ Фабрегас ова лето.
Росељ изјави дека и самиот Пеп знае каква е финансиската ситуација во клубот и дека нема по секоја цена да се фрлаат пари за било кој играч. Не е работата да се дадат 50 милиона за Цеск, а на никое друго место да не се засилиме.
 
Среќен Роденден за Актуелно Најдобриот Играч на Светов, Му посакувам уште многу Индивидуални Успеси, и многу Успешни Сезони во Дресот на Барселона.

За Трансверите :

Голман ни треба еден да си земеме млад да биде, заинтересирани бевме за едно голманче од Аргентина ама незнам што бидна.

Одбрана треба да се купи Централен Дефанзивец и еден Лев Бек.
Треба да се одтарасиме од Милито и Максвел.

Средина не треба ништо имаме се што треба да се има.

Напад би го продал само Џефрен а на негово место би земал некое талентирано Дете за помалку од 10 миљони.
Мн убо си се научени овие малите клубови, им бара Шактар некој играч им го зема за 8-9 миљони, и бара Барселона, Реал, Челзи, Сити, Јунајтед, си бараат 30-35-40 миљони, па чекајте бе што се замислувате.

Да сум јас не ги земам ни Роси ни Санчез, Вилиан Боргес да Силва од Шактар е може да го земиме за помалку од 18 миљони, само толку е умот како Реал Мадрид се напрајфме само по звезди им е умот.

Што к*р ќе ни биде Фабрегас? пак 40-50 миљони за него ???
Што к*р ке ни биде Роси или Алексис кога и за Двајцата ќе мора да се плати над 30 миљони.

Јасно е што ни треба.

Еден стопер : пример Сако, Вертоген или Боатенг од Сити.
Еден крилен бек : Хосе Енрике, Јосе Ангел, или Али Сисоко од Лион.

Тоа е тоа.
 
За Милито како што знам заинтересирани биле Баерн Минхен, па може да им се шитне на нив за едно 5-6 миљончиња.
Фабрегас како што реков и погоре мислам дека не ни треба имаме најдобра средина во цел свет како што рече и чнм во средина засилувања не ни треба.
Напад ни треба некој замена за Кркиќ, a и зашто не пројавуваат интерес за Еден Хазард напаѓачот на Лил одличен момак е има 20 години зошто не напнат за него кога више Санчез и Роси се над 30 миљона.
За одбрана незнам, како што се шпекулира заинтересирани сме биле за Давид Луиз од Челзи па ќе видиме што ќе биде биде ..
 
И тој ќе чини преку 30 ако Лил се реши да го продава. Многу клубови се во трка за него така да....
 
Одбрана треба да се купи Централен Дефанзивец и еден Лев Бек.
Треба да се одтарасиме од Милито и Максвел.

Да сум јас не ги земам ни Роси ни Санчез, Вилиан Боргес да Силва од Шактар е може да го земиме за помалку од 18 миљони, само толку е умот како Реал Мадрид се напрајфме само по звезди им е умот.
Јас сум повеќе за десен бек. На левата страна имаме 3. Па, дури и ако си оди Максвел, ги имаме Абидал и Адриано. Десно Алвес е сам.
И стопер не мора да купуваме. Фонтас е промовиран во прв тим, Абидал и Маскерано се исто така одлични кога играат стопери.

Ако мислиш дека управата на клубот станала како онаа на Реал Мадрид, се лажеш. Можеби некои фанови на Барса посакуваат големи ѕвезди во клубот, за било која цена. Ама, верувај дека додека е Росел претседател нема да донесеме играч за екстремна цена, без разлика дали е тоа Фабрегас, Санчез, Трајко или Петко.:)
 
tumblr_ln9jnlypab1qje8d0o1_500.png
 
И тој ќе чини преку 30 ако Лил се реши да го продава. Многу клубови се во трка за него така да....
Абе треба да се проба, може за 20 ќе им го земат па ако не попуштаат тие од Лил ондак може да им напнат на Валенсија за Мата се знаат и од репрезентација со повеќе играчи, а и Виља изјавил дека би било сон да го има Мата повторно во екипа така да би било добро да преговараат за овој играч кој мислам дека повеќе од 15 максимум 20 милиони не вреди ...
 
Пробајте ама под 25 Хазард нема да го дадат. Ни ја не би го дал искрено. За какви бараби по 30-40 милиони се бараат за Хазард барем 25 да е. Се под таа цена ќе е кражба :D А Мата не го чепкајте......за нас е тој. :D:D
 
Сеа ќе му речам на Росел да им рече на Лил 25 миљончиња па ќе видиме што ќе биде :P
хаха, aко де земете си го :)
 
Јас сум повеќе за десен бек. На левата страна имаме 3. Па, дури и ако си оди Максвел, ги имаме Абидал и Адриано. Десно Алвес е сам.
И стопер не мора да купуваме. Фонтас е промовиран во прв тим, Абидал и Маскерано се исто така одлични кога играат стопери.

Ако мислиш дека управата на клубот станала како онаа на Реал Мадрид, се лажеш. Можеби некои фанови на Барса посакуваат големи ѕвезди во клубот, за било која цена. Ама, верувај дека додека е Росел претседател нема да донесеме играч за екстремна цена, без разлика дали е тоа Фабрегас, Санчез, Трајко или Петко.:)

Адриано подеднакво е добар и лево и десно... Башка го сакам и Монтоја во прв тим...
--- надополнето: Jun 24, 2011 5:13 PM ---
263134_10150287653315469_351142070468_9602015_7284821_n.jpg
 
Среќен роденден кралу,нека ти се множат,годините,титулите и успесите и многу многу години во Барса да си и во ваква форма да си,или во подобра(ако постои де)....
 
Среќен роденден кралу,нека ти се множат,годините,титулите и успесите и многу многу години во Барса да си и во ваква форма да си,или во подобра(ако постои де)....

Постои, како не. Нели секогаш се трудиме да бидеме најблиску до перфекција, ама перфекција не можеме да постигнеме, освен Меси можеби.
Ако не се најде асолен десен бек, Монтоја во прв тим и чао. Максвел и Милито да се шитнат на наааајдалечната планина, око да не им видам, колку слаби беа во сезонава ццц.
Лижач
 
За лижачот....како бе он сеуште не сфатил дека Барса со помош на судиите го победи Реал 5-0,после и во полуфиналето со помош на судиите помина Барса.Ех предавник...не знае дека Реал моментално е најдобар на свет...не дека цел свет вика така туку Мурињо бе така кажал! А сега Барса освои титула и нормално е дека сите ќе зборуваат дека се најдобри на свет...сите грешат...белите овци се најдобри не знаат тие!!!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom