Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
http://kajgana.com/sport/barsa-ke-go-ponudi-tiago-alkantara-kako-del-od-transferot-na-fabregas
Само да не го дадат Тиаго, се надевам ова не е вистина
30 милиони + Бојан за играч кој до сега имал само една добра сезона не е трансфер бум. Тоа е чиста глупост. Особено затоа што одбиваат да дадат 30 милиони за Роси.
30 милиони + Бојан за играч кој до сега имал само една добра сезона не е трансфер бум. Тоа е чиста глупост. Особено затоа што одбиваат да дадат 30 милиони за Роси.
Роси игра одлично неколку години?Роси беше прв избор на Пеп, веќе неколку години игра одлично, навикнат е на Ла Лига и живот во Шпанија и во исто време е подобар од Санчез. Ако сакаат Реал дадат 50 милиони слободно нека си го носат. Се додека Барса го земе Роси.
Абе случајно го кликнав линкот а претходните страници не бев ги разлистал тука, па побрзав да го пуштам линкот, пошто стварно непријатно ме изненадиИмаше на претходната страна изјава од татко му кај што вели дека останува![]()
Роси игра одлично неколку години?
Роси направи „бум“ оваа сезона, исто како и Санчез.
Тоа што игра во Шпанија му е единствена предност пред Санчез. Подобар од Санчез? Изгледа го немаш гледано Санчез, како ја изигра сезонава(плус СП).
Укупно за Виљареал има изиграно 127 утакмици и има дадено 51 гол. Лоша статистика за напаѓач, а?Роси оваа година за првпат се растури од давање голови. Ама игра на високо ниво веќе 3-4 сезони. Лани беше повикан во првичната екипа на Италија за светското првенство и Липи највеќе беше критикуван што затоа што реши да не го земе што значи дека не бил толку лош ни лани.
Единствена причина зошто си отиде од Манчестер беше затоа што мораше да се натпреварува со Гигс, Роналдо и Руни за место во нападот. Ферги сакаше да го врати од позајмицата во Њуксал ама Роси сакаше да си оди.
За Санчез никој ништо не знаеше пред 9 месеци, а Роси си го гради името веќе 6-7 години низ цела Европа и станува се подобар и подобар.
127 утакмици 51 гол е лоша статистика? Што очекуваш? Статистика како Меси или Роналдо?Укупно за Виљареал има изиграно 127 утакмици и има дадено 51 гол. Лоша статистика за напаѓач, а?
Лани 34 утакмици 10 гола, не бил лош? Значи збориме за напаѓач, на кој единствена задача му е да дава голови.
Тоа што бил повикан на првичниот состав на Липи, не мора ништо да значи. Види само кој играше во нападот, одма ќе ти стане јасно.
Што е битно, колку време се знае за некој играч? Тоа ли треба да е мерило на квалитетот на еден играч?
Роси си отиде од Манчестер, зашто не му одговараше лигата. Гледам бил позајмен на Њукасал, каде во 11 утакмици немал постигнато гол. После во Парма 19 утакмици 9 гола. Значи до лигата е, не е до играчот.
Форлан исто така беше прогласен за анти талент, кога играше за Манчестер. Па пред неполна една година, беше прогласен за најдобар играч на СП.
Плус, Санчез е 2 години помлад.