Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Дали очекувате дека Пеп ќе излези со класичните 11 мина ?Јас мислам дека нема да излези така,ќе смисли нешто друго и ќе има промени.Јас сакам вака :
...........................ВВ...............................
...Дани.....Шакира.....Капитенот......Аби...
........Чави......Бускетс....Иниеста.............
.......................МВП................................

Но,ништо не се знае со Пеп.Фудбалерите се многу мотивирани и се надевам има подготвено некое видео Пепчо за тимот....
Само ова ќе пишам,ако сака Меси да биде прогласен за Најдобар фудбалер по трет пат тогаш ајде мора утре да се покажи најдобро,мора да покажи дека е најдобар (како што го прави тоа секој меч) .
Visca El Barca...Visca Messi !!!
Си "Лапнал" двајца фудбалери :)
 
Се ближи моментот....

Се мислам кај да го гледам натпреварот...во центарот на градот или дома,мислам ќе биде многу стресен натпревар уфф :)

Мислам дека ќе играме претпазливо но сепак очекувам да напаѓаме повеќе од Манчестер додека е 0-0.
Ако дадеме рано гол тогаш ќе гледаме исто сценарио како во 2009.Но интересно ќе биде ние да примиме први гол...е тогаш ќе гледаме возбудлив...превозбудлив натпревар,ќе треба да дадеме гол а истовремено да се пазиме од брзите контри на Манчестер.

На психолошки план нашите се максимално подготвени,се знае виновен за тоа е Пеп,но исто така на другата страна имаме мотивиран противник кои бараат одмазда,но ако играме паметно тогаш пехарот ќе го видиме во Каталуња.
Единствено што ме плаши е нереализирањето на шансите,бидејќи се знае во финале нема многу шанси па затоа се молам да не биде Виља тој што ќе излезе прв на гол шанса,подобро според мене би било Педро да ја има првата шанса за гол,шутира убиствено,но Меси ќе ја реши утре...според изјавата дека ќе го игра овој меч како да му е последен очекувам дека ќе блесне,но против таквите горили во одбраната на противникот не треба да се оди на претеран дриблинг пошто изгубена топка може да биде многу ризична бидејќи Манчестер е тим кој многу брзо создава шанси.
Утре Чави и Иниеста треба да бидат во елемент па тогаш ќе извојуваме лесна победа :)

Стресно ќе биде така да ќе има многу нервози но без оглед кој ќе победи треба да си честитаме еден на друг.
 
Пресов на Пеп некако сумљив е, не бил задоволен од некои аспекти на тренинзите.

Како и да е утре титулата си доаѓа кај што и е местото! :)


Кај што била 9 пати или кај што била 7 пати ?? :icon_lol:

Или збориш за оскарите ?? :pos:
 
Ајде каталонци,утре е најважниот ден за оваа сезона,со Господ напред тепаме утре...Утре не ќе имам можност да пишам па се читаме дури недела....Верувам во овие момци,верувам во оваа Барса и се надевам дека Пуји ќе го крени пехарот...
Visca El Barca...Visca El Messi !!!
 
а ти што мислиш кој играч е МВП?

утре претпазливо со препознатлива игра и нема кај да бега пехарот
Derrick Rose наравно :) Шала на страна не знам дали со тоа мислел само на Меси или на тројката у нападот али како и да е му фалеа двајца па затоа му пишав :)
 
Derrick Rose наравно :) Шала на страна не знам дали со тоа мислел само на Меси или на тројката у нападот али како и да е му фалеа двајца па затоа му пишав :)

Хехе...Меси,Вила,Педро...на тоа мислам...
 
Денес е денот Д,момци.Вечер во 20:45 сите пред Тв со надеж дека оваа прекрасна сезона ќе биде крунисана со “пехарот со големи уши“.А верувам во Пеп,во Меси,Виља,Педро,Абидал,Пујол,Валдес,Пинто,Пике...в ерувам во цела Барселона дека може да го направи тоа!!!
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu5
Ајде на сите во Англија да им посакам среќа, само да си ја играат играта и се ќе биде во ред. Не прифаќам ништо друго освен победа. Иначе, да не се собирате во ск да гледате некаде, пошо не ми се гледа сам некако?
 
Тоа е тоа браќа, денеска е денот.
Нека им е со среќа на момците и нека одиграат
најдобро што можат. Се надевам дека ќе победиме, но што
и да се случи јас сум горд на оваа екипа и веќе сум задоволен од тоа што го прикажаа оваа сезона.

VISCA EL BARCA !!!!!
VISCA CATALUNYA !!!!!
 
Со среќа на момците!
Нека победи подобриот (читај Барселона :baeh:)
 
Денес е денот што долго го чекавме... нема да има анализи и слични работи, нема да има прогнозирање на почетниот состав, туку само ќе кажам дека вечерва е најважниот натпревар сезонава и мора да се биде максимално сконцентриран, да се сака победата повеќе од противникот за да се победи.

A ќе ни суди Виктор Касаи а?
Por que?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom