Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Мислам дека не треба толку негативно да се мисли за Виља.Прва сезона му е и мислам дека солидна му е,освен ок овие последни неколку натпревари.Но,постигна погодок против Арсенал и 2 против Реал што мислам дека се многу важни.Воопшто не ја кочи играта како што тоа го правеше нослето.Ако Меси постигнува 50+ погодоци едноставно нема ’’место’’ за другите напаѓачи,остануваат на 20-30 голови.Ако Меси од следната сезона ќе игра пак крило,како што игаше на почетокот( но тоа со Пеп нема да се случи),е тогаш може да зборуваме за Виља дека не дал многу голови и тн тн.За крило Виља е супер,постигна 20+ голови,не ја кочи играта,отвара простор за Меси,а верувам дека следната сезона ќе биде подобар од ова.
Не го сакам Роси за 30,35 М...многу се за него...Нас ни треба крило,а не напаѓач.Моја желба е Нејмар ама го знаеме каков е по карактер.Агуеро би бил ТОП но не верувам дека ќе дојди кај нас.Од следната сезона мора Афелај да почне пред Педро....[/QUOTE]

You have got to be kidding me...:nenene:

Попреценет фудбалер од Афелај нема во Барселона моментално,освен асистенцијата до Меси нема апсолутно ништо направено од кога пристигна,тотално е изгубен кога игра во прв тим.

Педро има 21 голови и 10 асистенции оваа година,Виља има 22 голови и 9 асистенции...а колку шанси има пропуштено Виља за да ги даде тие 22 голови дури е и смешно.

Каде беше Виља против Реал?Колку шанси пропушти на првите два мечеви?Педро даде голови и во купот(му беше неправедно поништен ама тоа не е важно во моментов) и во ЛШ,и го истроши комлетно Марсело пред да влезе Афелај на првиот меч.

Да не го заборавиме фактот дека дечкото беше опериран од кила на сред сезона,пред операцијата имаше серија од 7-8 мечеви по ред со гол...на истите тие каде што Виља беше отсутен.

Тотално е смешно кога ке се види што има Педро направено овие две ипол години за Барселона(голот во финалето на Супер Купот на Европа,голот во 88' против Естудиантес,голот против Интер во ЛШ,против Реал минатата сезона кога го реши мечот,изнудениот пенал против Арсенал,голот за финале,итн,итн) и некои бараат Афелај којшто изгледа како почетник да почнува наместо него?Поради ЕДНА асистенција.

Среќа за Барселона што има тренер како Гвардиола,кој не цени играч според еден одигран натпревар.
 
Афелај е океј. Ама не како крило.

Ме импресионираше на првите неколку натпревари кога играше во средина. Солидно го замени Иниеста. Одличен преглед, добри долги пасови, шут од далеку... ама од тогаш Пеп го користи само како крило, а таму е како што кажа K.Warrior е изгубен. Знае да издрибла и да набаци, ама тоа е тоа. Не воспоставува авторитет од таа страна како што прави во средината.
 
Па да затоа што имаме тренер како што е Пеп затоа го игра Педро,поради постигнати важни голови.За мене Педро оваа година како да е потрошен,многу ретко,не памтам кога да прави соло продор по неговата страна,да дрибла противник,и да создава сам шанса за гол.
Јас сакам Афелај да добива повеќе шанса но знам дека тоа со Пеп не е можно,како што не е можно и Меси да го игра крило.Афелај 6 месеци е кај нас и мислам дека супер е досега,се покажа толку колку што му беше дозволено,а читам некаде дека би можело да биде во комбинација за Цеск да му го дадеме на Арсенал,нцнц...
Афелај можеби изгледа како почетник но како да изгледа поинаку кога не му се дава доволно шанса?
Не велам дека Педро е слаб,но оваа година некако како истрошен ми делува.
п.с:Според некои весници Барса се договорила со Роси.....

--- надополнето ---

Barcelona line-up (official): Pinto - Adriano Bartra Abidal Maxwell - SergiRoberto Fontas Thiago - Jeffren Bojan Afellay

Дај бре малце раздвижејте се,живи сте?хехехее....ах матури матури......
Добар меч ќе биде за 100 % враќање на Абидал и да видиме Серџи Роберто и Тиаго како ќе заиграат заедно.Јас сакав Делофоу ама никако не иде ксмет да добие шанса....
 
Гледам расправија . . . Виља и Афелај во центар пажња :) ЗА ПРВИОТ ОПРАВДАНО, ЗА ВТОРИОТ НЕМА ШТО ДА СЕ КОМЕНТИРА . . .

Факт е дека Давид е во таа неславна голгетерска криза . . . Секој напаѓач во кариерата влегува во неа, кој подолго, кој пократко . . . . Виља ме загрижува не затоа што НЕ ПОСТИГНУВА ПОГОДОЦИ, туку затоа што последните две партии е сосема отсечен . . . СМЕШНА Е СПОРЕДБАТА ВИЉА - ИБРАХИМОВИЧ . . . . Нослото беше најголемото промашување на Пеп и Лапорта, додека Виља е сосема друго . . . Виља ЗНАЕ да решава ГОЛЕМИ НАТПРЕВАРИ, и убеден сум дека на Вембли СИТЕ ЌЕ НЕ ДЕМАНТИРА . . . .

Афелај . . . . . Реков нема потреба да се коментира . . . Но, кога сте почнале ајде :) Пеп му го најде местото во тимот . . . КРИЛО !!!!!!!!! Афелај бил добра замена за Иниеста . . . . Па и не би рекол. . . ТИАГО Е 3 ПАТИ ПОДОБРА ВАРИЈАНТА ОД НЕГО ВО СРЕДИНАТА, додека Афелај според мене ( и според Пеп, што е најважно ) најдобро во системот на Барса се вклопува во напаѓачката тројка . . . За оваа сезона СИ ЈА ЗАВРШИ РАБОТАТА . . . Асистираше кога беше најпотребно, на најважниот меч сезонава . . . . Тој има уште многуууу да учи и да се докажува и верувам дека после неколку години ќе си го загарантира стартното место . . .
 
Тоа велам и јас ама ајде....
1-1 заврше 1то полувреме,многу сум задоволен од дечките,солидно играат освен Фонтас и Бартра се нешто несигурни.Абидал верувам дека е 100 % фит.Тиаго,Афелај и Џефрен одлични...
 
ииии да не ти се верува..Жефрен се повреди, сам!
 
Виља ќе распалел наредната сезона. Јас не сум Нострадамус, а за вас не знам. Нормално дека најмногу сакам Виља да почне да постигнува погодоци и да почне да игра во склоп со екипата. Не ми кажувајте вицови од типот црн хумор дека Виља бил тактички корисен. Беше во првата полусезона и тактички корисен, и трчаше, и играше доста солидно и постигнуваше погодоци. Во втората полусезона, е ЦЕЛОСНО ОТСЕЧЕН од играта, ниту се открива, ако прими 2-3 пати топка или му ја земаат одбраната, или лошо ќе подаде, или ќе проба да дрибла па ќе се сопне од топката. Од Давид Виља од првата полусезона, сега остана само името. Се надевам на Вембли ќе ме демантира, што нема да го побие фактот дека последните натпревари е, во најмала рака речено, МИИЗЕРЕН.
 
Џабе се каравте за Афелај.
 
ete go prvenecot na afelay vo la liga
aj ako moze nekoj da gi stave golevite
 
Браво за Афелај,за инает на K.Warrior одигра одлично и постигна голче хехе...
Се на се одлично се покажаа децата....Тиаго ѕвер...
Дани не беше при себе денеска,др мр го направија....:kesa:
Со победа ја завршивме оваа сезона,честито...
 
Ај честито победа :)
Одлична игра на Барса, децата сакаа да се докажат пред Пеп и успеаја во тоа.
Еве и Афелај постигна гол...и голот на Бартра беше одличен исто така :)

VISCA EL BARCA !!!!!
 
Колку е досаден фан клубов. Штета што луѓе како La vista и Serpico веќе не пишуваат редовно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom