Мислам дека не треба толку негативно да се мисли за Виља.Прва сезона му е и мислам дека солидна му е,освен ок овие последни неколку натпревари.Но,постигна погодок против Арсенал и 2 против Реал што мислам дека се многу важни.Воопшто не ја кочи играта како што тоа го правеше нослето.Ако Меси постигнува 50+ погодоци едноставно нема ’’место’’ за другите напаѓачи,остануваат на 20-30 голови.Ако Меси од следната сезона ќе игра пак крило,како што игаше на почетокот( но тоа со Пеп нема да се случи),е тогаш може да зборуваме за Виља дека не дал многу голови и тн тн.За крило Виља е супер,постигна 20+ голови,не ја кочи играта,отвара простор за Меси,а верувам дека следната сезона ќе биде подобар од ова.
Не го сакам Роси за 30,35 М...многу се за него...Нас ни треба крило,а не напаѓач.Моја желба е Нејмар ама го знаеме каков е по карактер.Агуеро би бил ТОП но не верувам дека ќе дојди кај нас.Од следната сезона мора Афелај да почне пред Педро....[/QUOTE]
You have got to be kidding me...:nenene:
Попреценет фудбалер од Афелај нема во Барселона моментално,освен асистенцијата до Меси нема апсолутно ништо направено од кога пристигна,тотално е изгубен кога игра во прв тим.
Педро има 21 голови и 10 асистенции оваа година,Виља има 22 голови и 9 асистенции...а колку шанси има пропуштено Виља за да ги даде тие 22 голови дури е и смешно.
Каде беше Виља против Реал?Колку шанси пропушти на првите два мечеви?Педро даде голови и во купот(му беше неправедно поништен ама тоа не е важно во моментов) и во ЛШ,и го истроши комлетно Марсело пред да влезе Афелај на првиот меч.
Да не го заборавиме фактот дека дечкото беше опериран од кила на сред сезона,пред операцијата имаше серија од 7-8 мечеви по ред со гол...на истите тие каде што Виља беше отсутен.
Тотално е смешно кога ке се види што има Педро направено овие две ипол години за Барселона(голот во финалето на Супер Купот на Европа,голот во 88' против Естудиантес,голот против Интер во ЛШ,против Реал минатата сезона кога го реши мечот,изнудениот пенал против Арсенал,голот за финале,итн,итн) и некои бараат Афелај којшто изгледа како почетник да почнува наместо него?Поради ЕДНА асистенција.
Среќа за Барселона што има тренер како Гвардиола,кој не цени играч според еден одигран натпревар.