Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Сите (10) голови на Меси против РМ...Уживајте...
 
^ Да да, Ди Стефано го држи рекордот за најмногу постигнати голови на Ел Класико дуелите или поточно 18 вкупно од сите натпреварувања. Од поново време најдобар стрелец е Раул со 15, а Меси има 10.

Има време бе, мал е уште... до 33 години ќе има 35-6 гола :tv:
 
Хехе,да да има време,има шанса следната сезона да го стигни Раул :) ....
[video=metacafe;6423189/fc_barcelona_top_10_goals_2010_2011_season/]http://www.metacafe.com/watch/6423189/fc_barcelona_top_10_goals_2010_2011_season/[/video]
Најубавите 10 голови на Барса оваа сезона,има се што душа ти сака:тимски гол,соло продор,волеј,лоб...
 
Според мене голот на Меси против Реал и оној на Руни против Сити ке бидат двата главни конкуренти за најдобар гол на сезоната :)
 
Pep Guardiola has decided that Valdes, Messi, Xavi, Iniesta, Villa, Puyol and Pique will not travel to Malaga for the final matchday of the league season.


 
Pep Guardiola has decided that Valdes, Messi, Xavi, Iniesta, Villa, Puyol and Pique will not travel to Malaga for the final matchday of the league season.



За мајсторите разбирам, ама Виља требало да отпатува. Не заслужи одмор. Дури и ќе си дозволам да речам, во втората половина од сезоната не заслужи ни да биде во пакет со останатите. :toe:
 
Aбе и Фабрегас се има договорено со Барса... Клубовите се проблемот. :)
 
За мајсторите разбирам, ама Виља требало да отпатува. Не заслужи одмор. Дури и ќе си дозволам да речам, во втората половина од сезоната не заслужи ни да биде во пакет со останатите. :toe:

Стварно не ми е јасно што е муабетот со Виља. Ја не знам што очекувавте. Дека во првата сезона ќе распали по 40 голови?

Не знам дали некој има приметено дека скоро сите напаѓачи што доаѓаат имаат проблем да издржат цела сезона со исто темпо.

Анри првата сезона со Барса имаше бедни 19 голови во сите натпреварувања. 12 дадени во првата полусезона.

Ибра лани растури во првата полусезона, после еден ебан Бојан Кркич беше пред него во изборот за напаѓач.

Сега Виља се утепа од давање голови во првата полусезона и не даде ни еден 3 во втората.

Едноставно им е тешко и психички и физички да се приспособат на тим што игра со такво темпо и со толку многу трчање во 3 натправарувања. Второ, Виља воопшто не ја кочи играта на Барса. Точно дека ќе беше подобро да дава по некој гол, ама креира простор, предводи контра напади и асистира цело време.

Ако некој е лош од нападот тоа е Педро. Оваа година е катастрофа. Единствено што трча многу. Ништо друго корисно не прави. Губи топки, упропастува контра напади, на периоди апсолутно се исклучува од играта и многу често не претставува никаква закана за противниците.

Дури и поголемиот дел од головите што ги даде му се како тие против Реал на Камп Ноу. Меси ќе ја измести цела одбрана и ќе шутне само за топката да се одбие до Педро и овој да ја стркала во празен гол.

Виља ќе се стабилизира од следната сезона... освен ако на Пеп не му текне да го шитне. Ама би било многу добро ако успее да го надополни нападот со Роси или сега со најновата цел Агуеро.

Агуеро--Виља--Меси е напад што може да се носи со нападот од 2008/2009 кога Анри, Ето и Меси имаа 100 и некој гол меѓу себе.
 
Едноставно им е тешко и психички и физички да се приспособат на тим што игра со такво темпо и со толку многу трчање во 3 натправарувања. Второ, Виља воопшто не ја кочи играта на Барса. Точно дека ќе беше подобро да дава по некој гол, ама креира простор, предводи контра напади и асистира цело време.

129034869652111318.jpg


И на мене ми беше тешко да го спомнан тоа пред некое време, ама изгледајте ги последните 10 натпревари на Барса, ако не и повеќе. Колку и да се правиме стратези и паметњаковци, факт е дека Виља на утакмица не прави ни еден потег во корист на Барса. Воопшто не се отвара, а кога ќе се отвори и ќе добие топка, за 2 секунди противниците му ја одземаат. Се надевам ќе ме демантира на Вембли.
 
Мислам дека не треба толку негативно да се мисли за Виља.Прва сезона му е и мислам дека солидна му е,освен ок овие последни неколку натпревари.Но,постигна погодок против Арсенал и 2 против Реал што мислам дека се многу важни.Воопшто не ја кочи играта како што тоа го правеше нослето.Ако Меси постигнува 50+ погодоци едноставно нема ’’место’’ за другите напаѓачи,остануваат на 20-30 голови.Ако Меси од следната сезона ќе игра пак крило,како што игаше на почетокот( но тоа со Пеп нема да се случи),е тогаш може да зборуваме за Виља дека не дал многу голови и тн тн.За крило Виља е супер,постигна 20+ голови,не ја кочи играта,отвара простор за Меси,а верувам дека следната сезона ќе биде подобар од ова.
Не го сакам Роси за 30,35 М...многу се за него...Нас ни треба крило,а не напаѓач.Моја желба е Нејмар ама го знаеме каков е по карактер.Агуеро би бил ТОП но не верувам дека ќе дојди кај нас.Од следната сезона мора Афелај да почне пред Педро....
 
129034869652111318.jpg


И на мене ми беше тешко да го спомнан тоа пред некое време, ама изгледајте ги последните 10 натпревари на Барса, ако не и повеќе. Колку и да се правиме стратези и паметњаковци, факт е дека Виља на утакмица не прави ни еден потег во корист на Барса. Воопшто не се отвара, а кога ќе се отвори и ќе добие топка, за 2 секунди противниците му ја одземаат. Се надевам ќе ме демантира на Вембли.

Ова као некој алкохоличар... ми беше тешко да си признаам дека имам проблем со алкохолот ама од кога си признав се излечив.

Изгледај ги последните 10 натпревари. Јас ги имам изгледано. Голем дел од нив и 2-3 пати. Виља е тактички корисен. Ако не си во состојба да спушташ утакмици како барса против шахтјор на камп ноу, сите класика и според мене клучната утакмица за Ла Лига против Виљареал на гости врати на форумот да видиш што се збори за Виља.

Цело време промашува шанси ама голем дел од тие шанси си ги ствара сам откако ќе истрча 30 метра до шеснаесетник. Многу често ја пренесува брзо топката од едната половина на другата и започнува опасна акција.

Виља е добар. А ќе биде уште подобар следната година. Само, ако игра со Агуеро на лево крило, а он во центар би можел да даде и над 40 голови следната сезона. Ама ако..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom