Дресовиве чим ги видиш предизвикуваат ерекција.
Гледам се расправате дали ќе игра или не Абидал.Сигурен сум дека он 100% ќе сака да игра и дека ако игра ќе даде максимум од себе,ама не е до него туку до Пеп,па останува да видиме.
--- надополнето ---
Дефанзивецот на Барса, Ерик Абидал вели дека тој е променет засекогаш по операцијата од тумор Во март, 31 годишниот Абидал замина на операција на тумор на црниот дроб и иако постоше стравувања дека можеби кариерата на дефанзивецот е пред крај, шест недели подоцна тој се врати на терените. Во интервју за емисијата
’El Marcador’ на ТВ каналот на Барса, Абидал објасни како поминувал во последните два месеци и откри дека ова искуство засекогаш го променил неговиот карактер.
“Имаме среќа што секоја година посетуваме болници и болни деца на кои им даваме поддршка и ги охрабруваме да се борат со болеста и да останат позитивни.” – рече Абидал.
“Тоа беше нешто на кое мислев за време на мојата болеста. Затоа дента кога ми соопштија дека имам тумор, отидов во тренинг кампот на Барселона и на соиграчите им кажав дека пред нив е важен натпревар против Гетафе и дека тие не треба да се грижат за мене – докторите ќе ме отворат и ќе ми извадат дел од црниот дроб.”
“Мислам дека со ваквите зборови можеби му помогнав на тимот бидејќи тие победија на натпреварот.”
Абидал потоа додаде: “Кога нешто вакво ќе ви се случи, вашиот живот може да се промени преку ноќ.... Болеста го промени мојот карактер.”
“Продолжувам да правам тестови, бидејќи овој пат беше мојот црн дроп, следниот пат може туморот да се појави на друго место.”
“Сакав да правам тестови секој месец – на тој начин имав среќа докторите да го забележат туморот во црниот дроб толку рано.”
Запрашан за дуелот со Манчестер Јунајтед и финалето од Лигата на Шампионите на Вембли, дефанзивецот рече: “Доколку не играм тоа нема да биде проблем – но што и да се случи, потребно е да победиме.”
“Има уште две недели до средбата и за среќа тренерите ме познаваат добро и знаат како да ме вратат во полн фитнес за овој натпревар”
Абидал исто така изрази надеж да стави потпис на нов договор со Барселона.
“Претседателот и сите останати знаат дека имам уште една година од договорот. Смирен сум околу тоа прашање и не се брзам – сигурен сум дека ќе ставам потпис на нов договор – секако, доколку тие сеуште ме сакаат.”